ЗабаваПаднала во кома и тврди дека го запознала Бог, еве што почувствувала!Сведоштво на Мириандре Карденас од Гватемала која тврди дека го запознала Бога додека била во кома.Додека работела од дома, Мариандре наеднаш почувствувала како ѝ се затвора грлото и почнала да се гуши. Не можела да зборува, а како што вели, се чувствувала како лицето да ѝ умира. Веднаш била пренесена во болница, а по интубирањето, лекарите ја ставиле во вештачки предизвикана кома. - Веќе не сум била свесна за моето опкружување, а последното нешто што го слушнав беше докторот како вели: „Отиде!“ За момент ја напуштив Земјата и се најдов на сосема друго место. Имаше многу светлина, а тоа беше место без Сонце, без Месечина, без ѕвезди... Седев на огромна маса полна со луѓе, кои веќе немаа нормални тела, туку беа светлосни битиа. Повеќе не се сеќавав на мојот минат живот, ништо повеќе не постоеше – вели Мариандре, која потоа опишува како го запознала Бога. - Седеше пред мене и веднаш знаев дека е Бог бидејќи неговата светлина беше најсилна. Не му го видов лицето, но знаев дека се смешка. Тој ми обрнуваше внимание и се смееше со мене. Во исто време имав впечаток дека истото го прави и со другите битиа околу нас. Видов разни бои околу мене и никогаш не сум се почувствувала толку исполнето – открива Мариандре. Меѓутоа, нејзиниот разговор со Бог не траел долго, бидејќи тој ѝ рекол дека мора да се врати назад, пишува британски Сан. - Стана и ме издвои од другите. Ми рече дека морам да се вратам. Не го разбрав и го прашав каде треба да се вратам и што ако не сакам да го направам тоа. Ми објасни дека сè уште не ми е време и дека морам да се вратам заради љубовта. Неколку секунди подоцна се разбудив од кома. Имав впечаток дека мојот престој таму траеше три часа, а всушност бев во кома три дена. Веќе следниот ден можев да си одам дома и да се одморам после сè – заклучила Мариандре Карденас. @gmariancar Respuesta a @Adolfo #storytime #viral #espiritual ♬ sonido original - Mariandree Cárdenas Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30