Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност
1Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност
3Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
ЖивотПаднал во десет часовна кома откако изел 24 пити, пред тоа изел цело прасе (ВИДЕО)Поранешниот фитнес модел, кој неодамна изеде цело прасе како предизвик во јадење, повторно го тестираше својот стомак и поради тоа падна во десетчасовна кома.Џоел Хансен неодамна беше во Тајланд каде изеде цела свиња, поради што два дена не можеше да јаде ништо друго, но тоа не го одврати од уште една гигантска гастрономска цел, пишува LADbible. Овој пат тој дојде во Британија и се упати кон Cattlemans Steakhouse во Девон, место познато по своите предизвици во храната. Cattlemans има прилично јасни правила за нивните предизвици во исхраната, но Џоел реши да ја зголеми предноста со нивниот предизвик за селска пита. Ресторанот обично ги предизвикува гостите да изедат еквивалент на дванаесет такви пити за еден час, но Џоел побарал од нив да го удвојат тоа на 24 пити. Сè на сè, тој мораше да проголта два послужавници, секој исполнет со дванаесет селски пити, заедно со 600 грама грашок, исто толку моркови и четири чешниња лук. Вкупно за еден час изел 6 кг говедско месо и 2 кг компири, а му биле потребни само осум минути и 30 секунди да го исчисти првиот послужавник со дванаесет пити. Продолжението со вториот послужавник траело многу подолго, а вториот го исчистил за околу 20 минути. Сопственикот на Cattlemans, Гери Кинг, рече дека Џоел направил „натчовечки“ напор и не сметал дека е „човечки возможно“ некој да консумира толку многу храна за толку краток временски период. Џоел рече дека после тоа се чувствувал „ужасно сит“, што не е изненадувачки со оглед на тоа што изел повеќе од 9 килограми храна, а кога успеал да заспие паднал во 10-часовна кома додека неговиот дигестивен систем се борел да се опорави. Предупредувајќи ги другите да не се обидуваат со предизвикот низ кој помина, тој рече: „Тоа беше големо достигнување бидејќи морав да се трудам физички и психички за да го изедам“. „Не мислев дека ќе ги завршам двете тави, но вториот беше таму и решив да го пробам. Првиот беше многу лесен бидејќи беше убав и сочен, но откако конзумирав 5 килограми храна, вториот беше многу потежок, не можеш да јадеш толку многу“. „Подоцна се чувствував ужасно и целосно исполнет.“ Cattlemans Steakhouse планира да му даде на Џоел повеќе предизвици подоцна оваа недела и ќе ги пренесува во живо на нивната сметка на TikTok.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност„Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за МИА од Њујорк се осврна на односите со Соединетите Американски Држави, конкретните резултати од стратешкото партнерство, европската интеграција и односите со Бугарија, како и на активностите во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации. Говорејќи за односите со САД, министерот истакна дека од формирањето на новата американска администрација е засилена комуникацијата на сите нивоа. Средбите со државниот секретар Марко Рубио, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и раководството на Стејт департментот, според него, ја потврдуваат динамиката и значењето на стратешкото партнерство. „Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски. Како конкретни примери од соработката, министерот ги посочи рамката во областа на трговијата, соработката со Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, вклучително и разговорите за повеќе економски проекти, како и резултатите од Стратешкиот дијалог во областа на одбраната, борбата против тероризмот, справувањето со нерегуларната миграција и културата. Муцунски нагласи дека македонската надворешна политика се темели на три клучни постулати: членството во НАТО, стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и патот кон полноправно членство во Европската Унија. Во однос на евроинтеграциите и разговорите со Бугарија, тој истакна дека позицијата на Владата останува јасна – земјата сака да напредува кон Европската Унија и да ги отвори преговорите, но не е подготвена да прифати компромис што нема да обезбеди предвидливост. „За нас е значајно во сите разговори што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на Европската Унија. Битно е да има минимум уште една страна во процесот што ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата која недостига“, нагласи Муцунски. Тој посочи и дека се очекува комуникација од Европската Унија за идниот пристап кон политиката на проширување, при што информациите во однос на постепената интеграција ги оцени како охрабрувачки, нагласувајќи дека треба да се почека официјалната содржина на документот. Оценувајќи ги досегашните активности во рамките на Генералното собрание на ОН, Муцунски истакна дека посетата има и билатерална и мултилатерална димензија и носи конкретни политички, економски, трговски и безбедносни резултати. Воедно, Генералното собрание овозможува проширување на дипломатските контакти и со држави надвор од традиционалниот круг партнери во Европа и САД.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАПочина првиот МВП во историјата на НБА Легендарниот Боб Петит, првиот кошаркар што ја освоил наградата за најкорисен играч (МВП) во историјата на НБА, почина на 93-годишна возраст.Веста за смртта ја потврди Куќата на славните на американската кошарка, која го опиша легендарниот центар како „вистински великан на играта“. Причината за смртта не беше соопштена. Петит двапати беше прогласуван за најкорисен играч (МВП) во НБА – првпат во сезоната 1955/56, кога наградата се доделуваше за првпат, а потоа и во сезоната 1958/59. Во двете сезони во кои ја освои МВП-наградата, тој исто така беше најдобар стрелец во лигата. Во текот на сите 11 сезони во НБА, тој учествуваше на Ол-стар натпреварот, а во 1959 година стана првиот играч во историјата на натпреварувањето што стигнал до границата од 20.000 поени. Својата кариера во професионалната кошарка ја започнал по настапите за Универзитетот во Луизијана (LSU), откако бил избран од тимот „Милвоки Хокс“ на драфтот во 1954 година. Наскоро потоа, тимот се преселил во Сент Луис, а Петит останал негов член до крајот на својата кариера. Најголемиот успех го постигнал во 1958 година, кога ја освоил НБА-титулата со „Сент Луис Хокс“, победувајќи ги „Бостон Селтикс“. Со „Хокс“ стигнал до големото финале уште двапати, во 1960 и 1961 година. Од професионалната кошарка се повлече во 1965 година, со импресивни просеци од 26,4 поени и 16,2 скока по натпревар. Тој беше примен во Куќата на славните во 1971 година. Неговиот дрес со број 50 беше повлечен од употреба на LSU, со што тој стана првиот спортист од тој универзитет кому му беше укажана таква чест. LSU се прости од својата легенда, истакнувајќи дека Петит „дефинирал што треба да претставува модерниот крилен центар во НБА“ и поставил стандарди што тешко се достигнуваат во професионалната кошарка. Петит останува запаметен како една од најважните личности во раната историја на НБА и како еден од пионерите на позицијата крилен центар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСДСМ: Повторно дефокус - платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на МицкоскиПовторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски.Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните. Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко Филипче. Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочиување на вниание на граѓаните од криминалот на Мицкоски и неговата организирана криминална група? Само на арамијата Мицкоски. Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра. СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. ЗНАМ 2.0 нема да помине! Скопје, 25.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00