Паднаа првите опомени за фрлање смет по 22 часот, кога ќе стартуваат казните од Град Скопје не прецизираат - Канал 5

Паднаа првите опомени за фрлање смет по 22 часот, кога ќе стартуваат казните од Град Скопје не прецизираат

Уште во првите часови по стапувањето на сила на забраната, паднаа првите опомени за фрлање отпад по 22 часот. Кога ќе има казни, од Град Скопје не прецизираат.

Паднаа првите опомени за фрлање смет по 22 часот, кога ќе стартуваат казните од Град Скопје не прецизираат

Според новиот директор на КХС, Драги Митковски клучен ќе биде контролниот механизам преку инспекторите и службите, кои имаат ингеренција да казнат и кои треба да се погрижат да се почитува одлуката. Особен фокус треба да има на фирмите, вели тој, а со тоа ќе се олесни работата на претпријатието, а градот ќе биде чист.

-Во тој период се случуваат и други одлагања, од сервисни фирми, градежни фирми кои преку денот имале одредени активности, чекаат намерно да дојде овој временски период и да го одложат на микролокација и да си завршат работа, а не сметајќи дека прават огромен проблем и на ЈП и на граѓаните, бидејќи лоша е сликата, тоа е неконтролиран отпад, а многу пати знаат да го одложат и во контејнерите, не само околу нив, и тука доаѓаме во ситуација која ни претставува проблем. - Драги Митковски – Директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје

Што се однесува на дилемата за угостителите, Митковски вели дека тие ќе добијат посебни контејнери во кои ќе можат да го исфрлаат отпадот по 22 часот, а за нив ќе плаќаат надоместок, па во координација со службите отпадот ќе се празни. Угостителите велат дека периодов не фрлаат отпад во забранетото време, туку го собираат во големи канти. Посочија дека разговарале со градоначалникот Ѓорѓиевски и дека останува со директорот на КХС да се прецизираат деталите со кои треба да бидат задоволени сите страни.

-Ние сепак треба да имаме услови како ќе го фрламе нашиот отпад, најверојатно ќе имаме лични наши контејнери со катанчиња во кои што ние ќе го селектираме отпадот и кога ќе ги имаме тие контејнери таа забрана нема да важи за нас, односно ќе можеме и во 12, 12 и пол кога ќе завршиме за викенди да си го фрлиме отпадот во нашиот контејнер. Ние како угостители сме сложни да ја почитуваме одлуката, ќе го чуваме отпадот во нашите објекти во поголеми канти кои ќе ги исфрламе наредниот ден откако ќе престане да важи забраната и очекуваме наскоро да го решиме трајно овој проблем.- Перица Голомеиќ – Угостител – Член на УО на ССК

Што се однесува до локациите каде има „позбиени“ угостителски објекти и инфраструктура, како што е на пример во Дебар маало, планот е да се постават поголеми контејнери кои заеднички би ги користеле.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градко дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер