Паднаа цените на нафтата на светските берзи под 82 долари за барел - Канал 5

Паднаа цените на нафтата на светските берзи под 82 долари за барел

Цените на нафтата паднаа под 82 долари на меѓународните берзи бидејќи загриженоста за побарувачката ги засени можните прекини во снабдувањето .

Паднаа цените на нафтата на светските берзи под 82 долари за барел

Цените на нафтата паднаа под 82 долари на меѓународните берзи бидејќи загриженоста за побарувачката ги засени можните прекини во снабдувањето поради шумските пожари во Канада и проценките дека американската централна банка сепак ќе ги намали каматните стапки на почетокот на есента.

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 84 центи во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 81,56 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 93 центи, по 77,47 долари.

Трговците се фокусираа на вестите од Кина во последните денови за да ја измерат побарувачката од најголемиот увозник во светот.

Кинескиот БДП порасна во вториот квартал за 4,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави заводот за статистика, при што континуираниот пад на пазарот на недвижности ја ослабна личната потрошувачка. Во првиот квартал е зголемен за 5,3 отсто.

Инвеститорите очекуваа стимулации, а кинеската централна банка ги намали трошоците за задолжување оваа недела, што според нив не е доволно.

„Намалувањето на каматните стапки во Кина е премногу скромно за да се подобри расположението на пазарот на нафта“, заклучи Џовани Стауново од UBS.

Трговците се исто така загрижени за знаците на намалена побарувачка.

Глобалните резерви на бензин пораснаа минатата недела, според анализата на StoneX, а кога се додаваат резервите на нафта и други дестилати, нивното ниво расте во сите големи трговски центри, со исклучок на Европа, забележа аналитичарот на StoneX, Алекс Ходес.

Пазарот на нафта моментално е видливо недоволно снабдуван, но треба да се избалансира во четвртиот квартал и да забележи суфицит на понудата во наредната година, проценуваат аналитичарите на Morgan Stanley.

Позначителен пад на цените денеска беше запрен поради стравувањата дека пожарите во Канада би можеле да го загрозат производството од околу 400 илјади барели дневно. Аналитичарите на Goldman Sachs забележуваат дека производството во моментов е стабилно.

Поддршка за цените даваат и шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги намали клучните каматни стапки во септември, што би ја стимулирало економската активност и побарувачката на нафта. Трговците на мало во моментов внимателно ги следат податоците за залихите за да ја измерат побарувачката за време на шпицот на летната сезона на патување.

Здружението API треба да ги објави податоците подоцна во текот на денот, а владата утре.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека во понеделникот барел од нафтената кошничка на нејзините членки паднал за 2,03 долари, на 82,77 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Холивудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член.

43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ.

Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето.

Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден.

Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак.

На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“.

Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street).

За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак.

„Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката.

Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер