Падна Волстрит – потегот на Трамп ги урна американските берзи - Канал 5

Падна Волстрит – потегот на Трамп ги урна американските берзи

Американските берзи денеска се отворија пониско, а сите три главни берзански индекси на Волстрит забележаа пад.

Падна Волстрит – потегот на Трамп ги урна американските берзи

Dow Jones падна за 611,5 поени или 1,51%.

S&P 500 падна за 103,7 поени, или 1,90%, додека Nasdaq Composite отвори 489,5 поени или 2,86%.

Овој пад на Волстрит дојде еден ден по силниот раст на акциите на берзите, поттикнат од одлуката на Доналд Трамп да ги повлече царините, објави Си-Ен-Би-Си.

Северна Кореја го претстави новиот повеќенаменски брод разорувач

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА.

Северна Кореја го претстави новиот повеќенаменски брод разорувач

- Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија, изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг.

Ким им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разорувач, кој „ја следи партиската линија за зајакнување на военопоморските сили“. /МИА

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби

 Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи.

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби

Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот.

Во исто време е издадено и безбедносно предупредување до локалното население и туристите. Забранети се сите активности во радиус од шест километри од кратерот.

Планината Левотоби е висока 1.584 метри и е еден од 127 активни вулкани во Индонезија, земја која се наоѓа во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, каде вулканската активност е честа појава.

Истражување: Економскиот фактор најголем проблем, ВМРО-ДПМНЕ убедливо прв избор во Македонија

Економскиот фактор проблем број 1, корупција и криминал е најголем проблем за 40% од граѓаните на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ убедливо прв избор.

Истражување: Економскиот фактор најголем проблем, ВМРО-ДПМНЕ убедливо прв избор во Македонија

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата. Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

Ова истражување покажа дека македонските граѓани денес сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените. Во досегашните истражувања на јавното мислење на МКД.мк и на Маркет вижн, за првпат криминалот и корупцијата се на второто место.

Во однос на лидерите на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети. Сепак, меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди.

Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица). Речиси половина од испитаниците не знаат кој политичар да го посочат.

Во однос на случувањата во СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека СДСМ сѐ уште не се исчисти од луѓето кои се дел од такви скандали.

Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање, а кампањата за локалните избори уште не е ни почната.

Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ…

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.

Извор: МКД.мк

притисни ентер