Олимписки игриПадна првиот светски рекорд на Олимписките игри во Париз Соборен е првиот светски рекорд на Олимписките игри во ПаризИако Олимписките игри во Париз официјално ќе се отворат вечерва, натпреварите започнаа веќе во среда, а денеска беше соборен и првиот светски рекорд на овие игри. Стрелачката од Јужна Кореја, Лим Си-хјеон постави светски рекорд во стрелаштво. Во квалификациите Лим постигна резултат 694, а максимумот е 720. Малку ѝ недостигаше да ја мине границата од 700 што успеале само двајца мажи во историјата на стрелаштвото, но овојпат сепак потфрли. Претходниот светски рекорд го држеше и стрелец од Јужна Кореја. Канг Чае Јанг постигна резултат 692 на Светското првенство во 2019 година Олимпискиот рекорд го држеше Ан Сан, исто така од Јужна Кореја, кој постигна 680 голови пред три години во Токио.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)Фиат Гранде Панда под лупата на Џејмс Меј: Наследник на легендата или чекор назад?Познатиот британски автомобилски новинар и ТВ водител Џејмс Меј детално ја претстави Гранде Панда, модел на Фиат произведен во Крагуевац, истражувајќи ги нејзините клучни карактеристики, дизајнот и местото што го зазема во историјата на овој легендарен модел. Меј, кој е познат како голем обожавател на Фиат Панда и кој долго време поседува копија од втората генерација на овој модел, ја спореди новата Гранде Панда со претходните верзии што одбележаа повеќе од четири децении од историјата на италијанскиот производител. Тој посвети посебно внимание на промените во дизајнот, но и на начинот на кој филозофијата на брендот се прилагоди на барањата на современиот пазар. По тест возењето на блага хибридна верзија, Меј разговараше со гостите за тоа колку новата Гранде Панда останала верна на оригиналната идеја за прифатлив и практичен автомобил за широките маси. Гранде Панда носи посовремен изглед, поголеми димензии, повеќе технологија и електрифицирани опции за погон, но во исто време се обидува да ја задржи едноставноста и функционалноста што ја направија Панда еден од најпрепознатливите европски автомобили. Како што наведува Џејмс Меј, Фиат успеа да ги спои носталгијата и модерната технологија, создавајќи модел што би можел да привлече и долгогодишни фанови на Панда и сосема нова генерација купувачи. Извор: Б92Тагови: Фиат Гранде Панда Џејмс Меј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музејСите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата. Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена. Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднинаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter