Петрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, 14 живи изгорени сограѓани во модуларната болница
Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост
1Петрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, 14 живи изгорени сограѓани во модуларната болница
2Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост
Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
1Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
ЕкономијаПадна цената на нафтатаНа меѓународните пазари е забележан пад на цените на нафтата за речиси еден процент, веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“. Оваа најава внесе нова динамика кај трговците со енергенси. Според пазарните податоци, цената на двата клучни референтни типа нафта веднаш реагираше во надолна линија. „Фјучерсите за суровата нафта Брент паднаа за 88 центи, или 0,8 проценти, на 110,4 долари за барел, додека фјучерсите за суровата нафта од Западен Тексас (WTI) паднаа за 0,6 проценти, или 67 центи, на 103,48 долари, објави Ал Џезира.“ Економските експерти веќе ги анализираат овие поместувања и укажуваат дека и покрај моменталното смирување на пазарот, враќањето во нормала ќе оди со побавно темпо. „Референтните цени се намалени поради потенцијалот за договор додека пазарот ги проценува геополитичките исходи. Сепак, цените веројатно ќе покажат одреден потенцијал за раст дури и ако се склучи договор, со оглед на тоа што е малку веројатно понудата веднаш да се врати на нивоата пред војната“, изјави за Ројтерс Емрил Џамил, виш аналитичар за истражување на нафта на Лондонската берза (LSEG).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
МакедонијаПетрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, 14 живи изгорени сограѓани во модуларната болницаСиноним за Филипче е хаос во здравството, 14 живи изгорени сограѓани во модуларната болница, погромот во време на ковид кризата, нема кредибилитет да говори за здравствениот систем.Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на погромот во ковид кризата, кога Македонија беше меѓу првите со најголема смртност по глава на жител. Кога Филипче зборува за здравство, не потсетува и на провизиите кои сакаше да ги заработи преку Стабри вакцините, преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја. Кога Филипче зборува за здравство, тој говори за аферата “Крвави тендери” кога со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра. Затоа Филипче е последниот кој треба да говори за начинот на тоа како треба да се води здравствениот систем, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
МакедонијаМицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото МладостСо ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост, а ова лето стартува и изградбата на подземна катна гаража.„Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие 2 системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, решено, но како што кажа и градоначалникот нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале проблем за граѓаните на Велес. Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да им се заблагодарам на советниците, на администрацијата во советот, на пратениците од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес од страна на централната Влада и така и ќе продолжиме понатаму во стратешките наши приоритети и во нашата оптика е Велес. Би сакал да му се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт како и на останатите колеги коишто со својата работа реализираат проекти и ги реализираат оние приоритети коишто сме се обврзале пред граѓаните дека ќе ги реализираме. Уште еднашка благодарност и до велешани, најголема за трпението бидејќи сите овие проекти имаат потреба од време додека да се реализираат, но еве еден по еден полека ги реализираме и многу сум задоволен што конечно таканаречената подземна катна гаража во центарот на градот со новиот плоштад конечно ќе почнеме ова лето и се надевам дека во текот на следната година ќе можеме веќе да имаме функционална целина нешто што беше наш приоритет уште од времето кога бевме опозиција.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојкова Серафимовска: Рекордни вложувања во културата и туризмотРекордни вложувања во културата и туризмот: 1,071 милијарда денари за култура и буџет за туризмот повисок за над 200 проценти.По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти. Ваквото покачување на буџетот води кон зајакнување на националната култура, што се гледа преку зголемената поддршка на програмите во националните установи за 25 проценти, односно од 399 милиони денари во 2023 година на 493,5 милиони денари во 2026 година. Како резултат на тоа, сопствените приходи на националните установи се зголемени за 150 проценти во споредба со 2023 година. По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој во изминативе две години се поддржани 108 проекти. Во соработка со научната и стручната јавност започнато е и национално мапирање на креативните индустрии, кое ќе послужи како основа за изработка на првата Национална стратегија во оваа област. По речиси една деценија е обновен и откупот на ликовни дела, при што се откупени 37 дела од значајни македонски автори во вкупна вредност од 6,6 милиони денари. Буџетот на Агенцијата за филм е зголемен од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година, а со законските измени ќе се обезбедат и дополнителни средства од игрите на среќа за развој на домашната филмска продукција. Во изминатиот период значително се зголемени и средствата за капитални инвестиции од 230 милиони денари во 2023 година на 485 милиони денари во 2026 година. Во тек е реализацијата или завршната фаза на повеќе капитални проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, новите простории на Џез оркестарот, реконструкцијата на Македонскиот народен театар и други. Значително е интензивирана и заштитата на културното наследство преку инвестиции во археолошки локалитети, реконструкција на споменици на културата, како и продолжување на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Во областа на туризмот, буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од повеќе од 200 проценти. Отворени се нови пазари во соработка со туристичкиот сектор, а во завршна фаза е подготовката на Националната стратегија за развој на туризмот со акциски план, која треба да ја позиционира Македонија како конкурентна европска туристичка дестинација. Почитувани, Заштитата на културното наследство, развојот на културата и уметноста и унапредувањето на туризмот не се постигнуваат со декларации, туку со конкретни политики, стабилно финансирање и силни институции. Токму затоа, резултатите што се постигнати во изминатите две години потврдуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја врати културата и туризмот меѓу стратешките приоритети на државата, рече Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter