Падна бугарската влада – премиерот Жељазков не го издржа притисокот на народот - Канал 5

Падна бугарската влада – премиерот Жељазков не го издржа притисокот на народот

По неколку неделни масовни анти владини протести, падна бугарската влада.. 

Падна бугарската влада – премиерот Жељазков не го издржа притисокот на народот

Масовните протести и пресудија на владата на Росен Жељазков. Минути пред гласањето за доверба на бугарската влада кое поради немање кворум не помина, на вонредна прес – конференција Жељазков соопшти дека по консултации со коалициските партнери и слушајќи го како што кажа, гласот на народот, донеле одлука за колективна оставка. Ваквиот тек на настаните доаѓа по неколку неделните масовни протести и жестоки несогласувања околу буџетот за идната година, а Жељазков оцени дека протестите испратиле јасен сигнал за длабокото незадоволство во земјата.

„Ви објавувам дека пред гласањето за доверба, денеска владата поднесува оставка. / Го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат против владата. Го слушаме внимателно и затоа треба да бидеме на висина на нивните барања. Нивните барања се оставка на владата. Тоа е во моментот. За оставката глас кренаа и млади и стари, луѓе од различни етноси, од различни религии. Затоа, таа граѓанска енергија треба да биде поддржана.“

Оставката на бугарската влада доаѓа по можеби најмасовниот протест кој вчера се одржа во Софија, каде според одредени проценки присуствувале над 150 илјади граѓани.

Покрај во Софија, протести беа организирани и во останатите поголеми градови во Бугарија, каде покрај оставка на владата, се бараше и борба против криминалот и корупцијата.

„Тука сум за оставка на владата, тоа е мојата цел, како и целта на голем број од луѓето кои се тука. / Енергијата е прекрасна. Многу луѓе, непартиски протест. Луѓето повеќе не се гневни за буџетот, туку се гневни на корумпираното владеење. / Се изморивме да не управуваат некомпетентни и необразовани луѓе. “

Владата на Жељазков која управуваше со земјата неполна година, беше коалиција на ГЕРБ, бугарските социјалисти и има таков народ, со поддршка на партијата на Дељан Пеевски против кого беа насочени и најголемиот дел од критиките на демонстрантите. Според процедурите, бугарскиот претседател Радев сега ќе го понуди мандатот кај првите три најголеми политички сили во парламентот, а доколку тие не успеат да формираат мнозинство, ќе назначи службена влада и ќе распише предвремени парламентарни избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер