Пад на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Ресен

Во текот на седмата недела од 2024 година, од 12 до 18 февруари, во  Македонија се пријавени 1.384 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип. 

Тоа претставува 26,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со седмата недела од минатата сезона, е зголемен за 1,7 пати, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

- Заболените се пријавени од 30 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци - 302, Струмица - 177, Скопје - 151, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто. Во девет извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во пет средна, во Дебар, Крушево и Кратово - висока и во Кавадарци и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице се на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

Во сезоната 2023 - 2024, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 11.921, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 10,0 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип.

Заклучно со седма недела, во државата вакцинирани се вкупно 61.702 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

 Хонг Конг ќе го забрани поседувањето и користењето електронски цигари на јавни места до средината на 2026 година, а тамошните власти наведуваат здравствени причини.

„За да ги заштитиме нашите млади луѓе, веруваме дека е време да се забрани употребата на електронски цигари“, рече локалниот здравствен службеник Ло ​​Чунг Мау.

Тој додаде дека ќе започне процесот на донесување законска регулатива против поседување и користење електронски цигари на отворено.

Најавата доаѓа речиси три години откако Хонг Конг го забрани увозот, производството и продажбата на електронски цигари и загреани тутунски производи.

Таравари:Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти

Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој потенцираше дека се уште има недостаток на средно медицински кадри.

Тој рече дека нема да се градат нови болници, но ќе се реновираат постоечките во Штип, Кичево, Охрид и Струмица .

Алатка за вештачка интелигенција за новинари претставена во Париз

Алатката за вештачка интелигенција (ВИ) за новинари наречена Спиноза беше претставена денеска пред Самитот за вештачка интелигенција во Париз.  

Меѓународната невладина организација Репортери без граници (РСФ), со седиште во француската престолнина, посочи дека алатката покажува дека „одговорната употреба на вештачката интелигенција во редакциите е можна“ под услов да бидат вклучени новинари.

РСФ и француското здружение Алијанса за медиуми (Apig) заеднички започнаа проект во ноември 2023 година за развој на таква алатка. Двете организации ги објавија заклучоците од експериментот во извештај нешто повеќе од една година подоцна, а главната лекција е дека „првата алатка за вештачка интелигенција Спиноза функционира“.

Фокусиран на климатските прашања, прототипот се заснова на систем за истражување и синтеза, дизајниран да им помага на новинарите, а не да ги замени. Алатката е создадена во согласност со неколку етички принципи како што се веродостојноста на информациите, транспарентноста на изворите и почитувањето на авторските права.

Спиноза содржи неколку бази на податоци - повеќе од 28.000 статии, околу 1.000 содржини обезбедени од агенцијата Франс прс (соработник од јули 2024 година), научни и правни податоци од јавни тела и Агенцијата за животна средина и енергија.

- Резултатите се „повик да не се остави развојот на генеративната вештачка интелигенција (создавач на содржина) во рацете на технолошките играчи, чии економски приоритети и идеолошки предрасуди се разликуваат од потребите на медиумите“, рече генералниот директор на РСФ, Тибо Брутин.

Кодот за алатката ќе биде направен со отворен код на пролет за да им овозможи на „новинарите и програмерите да ја персонализираат и приспособат алатката на нивните потреби“.

Во експериментот учествуваа регионалната новинарска група Ебра, спортскиот дневен весник Л'екип (L'Equipe) и весникот Либерасион (Liberation).

притисни ентер