Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
2Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
3Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
ЗдравјеПад на заболени од грип , бројката сѐ уште високаВо текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 41,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 11. недела од минатата сезона е зголемен за 5,4 пати. Во споредба со бројот за 11. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 58,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 10 до 16 март, заболените се пријавени од 24 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 371, Тетово - 131, Битола - 110, Велес - 107, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто. Во текот на оваа недела, во две извештајни единици се регистрира многу ниска, во 12 - сезонска, во осум - средна, во една - висока и во Ресен - многу висока активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 827 лица се на возраст од 15 до 64 години. Од случаите, 284 се деца на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 135 лица. Од заболените, 124 се деца на возраст до четири години. -Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 23.661. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 68,3 проценти, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 21,3 отсто, наведуваат од ИЈЗ. Регистрирани се пет починати лица асоцирани со грип во досегашниот тек на сезоната на грипот. Починатите се од Скопје - тројца, по еден од Свети Николе и Радовиш. Четири случаи припаѓаат на возрасната група над 65 години, еден во групата од 15 до 64 години. Сите случаи биле починати во болнички услови, со коморбидитети, невакцинирани против грип. Заклучно со 11. недела, во државава вакцинирани биле вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип. - Сентинел надзорот се спроведува како дополнување на редовниот систем за надзор над грип и Ковид-19 во Република Северна Македонија, со цел да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси што циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Сентинел САРИ (Сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот се спроведува во шест надзорни болници, пет во Скопје (УК за инфективни болести и фебрилни состојби, УК за детски болести, УК за Пулмоалергологија, ГОБ „8 Септември“ и УК за респираторни заболувања кај деца - „Козле“) и една во Штип, КБ - Штип. Дефиницијата за случај на САРИ според што се спроведува надзорот е усогласена со дефиницијата на случај на СЗО од 2014 година. Кумулативно, од сентинел местата што учествуваат, пријавени се вкупно 998 САРИ случаи, од кои 20 лица се пријавени на интензивна нега. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од надзорното место УК за детски болести. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години. Кумулативно, вкупен број на приеми во сентинел местата е 5.728. Од сите приеми, 17,4 проценти се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 20,3 отсто се бележи кај возрасната група до четири години, појаснуваат од ИЈЗ. Во текот на сезоната 2024-2025 регистрирани се девет смртни случи, две лица од возрасната група од 30 до 64 години и седум лица од возрасната група над 65 години. Кај сите починати се регистрирани коморбидитети. Од вкупно починатите лица, кај четири лица е докажано присуство на вирусот на Influenza и тоа: кај две лица Influenza A(H3) и по едно лице Influenza A - нетипизирана, и Influenza A(H1)pdm09. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Honda Civic“ во центарот на судски спор по фатална сообраќајна несреќаСигурносните појаси спасуваат повеќе од 15.000 животи годишно само во САД. Сепак, во нова тужба се тврди дека сигурносниот појас во „Honda Civic“ од 2017 година придонел за фаталните повреди на еден патник за време на судир.Според тужбата поднесена во Њу Џерси, 18-годишниот Џејкоб Л. Свон починал на 27 мај 2025 година, по тежок судир. Свон се возел на задното седиште во „Honda Civic“, а во тужбата се наведува дека во моментот на несреќата носел сигурносен појас со три точки на прицврстување. Според полицискиот извештај, автомобилот управуван од тинејџерот Лукас Џ. Корон преминал во лентата за спротивен правец на патот „N. Rt. 31“ и директно се судрил со возило што доаѓало од спротивната насока. Возачот и патникот на предното седиште се здобиле со сериозни повреди, додека Свон починал. Што се тврди во тужбата? Во тужбата, поднесена до Вишиот суд на округот Барлингтон во Њу Џерси, се тврди дека „Honda Civic“ од 2017 година била „несоодветно дизајнирана“ и недоволно безбедна за нејзината намена. Адвокатите на семејството тврдат дека системот за задржување на патниците на задното седиште имал конструкциски недостатоци и можел да предизвика опасно, локализирано нагло забавување на одредени делови од телото при судир. Во тужбата исто така се наведува дека системот на сигурносниот појас имал проблем со прекумерно извлекување на лентата – појава позната како „web spool-out“. Друг проблем наведен во врска со задното седиште е недостатокот на соодветна рампа за спречување на лизгање на телото под појасот – односно систем против „anti-submarining“. Правните застапници на семејството тврдат дека „Honda“ знаела, или требало да знае, за потенцијалниот ризик што го носел тој дизајн. Важно е да се напомене дека ова се тврдења од тужбата, а не правно утврдени факти. „Honda“ сè уште нема одговорено на наводите на тужителите во оваа постапка. Што бара семејството? Семејството на починатиот бара судење пред порота, како и надомест на штета (компензација и казнена отштета), камати, адвокатски трошоци и други видови надомест што судот може да ги досуди. Покрај компаниите „Honda Motor“, „American Honda“, „Honda Development & Manufacturing of America“ и „Honda Canada“, како тужена страна е наведен и возачот, Лукас Џ. Корон. Во тужбата се наведува дека несреќата делумно била предизвикана од неговото „немарно возење“, поради што семејството бара отштета и од него, согласно законите на Њу Џерси. Понатамошниот тек на постапката треба да покаже дали судот ќе ги прифати наводите за конструкциски дефект на системот за безбедносни појаси и дали производителот сноси правна одговорност за смртта на патникот. Извор: Б92Тагови: Honda Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили. Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“. Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба. À bord de la frégate multi-missions Auvergne, j'ai assisté au premier tir du nouveau missile balistique M51.3 depuis le sous-marin nucléaire lanceur d'engins Le Vigilant. Très peu de nations disposent d'un tel savoir-faire. Félicitations à tous les acteurs de cette réussite exceptionnelle : DGA, CEA, Ariane Group, Naval Group et Marine nationale. Votre professionnalisme, votre rigueur et votre maîtrise technique sont la fierté de la France. Ce succès technique est une nouvelle démonstration de la crédibilité de notre dissuasion, dont la pérennité est assurée. Pour être libre, il faut être craint. Et pour être craint, il faut être puissant. Pour protéger les Français dans la durée face aux menaces, j'ai engagé dès 2017 le renouvellement de nos moyens pour les décennies à venir. En dix ans, le budget de nos armées aura doublé. Nos futurs sous-marins stratégiques sont actuellement en chantier. Le programme de missiles stratégiques hypersoniques et manœuvrants, qui équiperont notre composante aérienne de dissuasion, a été lancé cette année. Notre dissuasion nucléaire nous protège et continuera à nous protéger. Vive la République et vive la France. — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 6, 2026 Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва. Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт. 🇫🇷 France is preparing a new test of the M51.3 strategic ballistic missile without a nuclear warhead President Emmanuel Macron watched a test firing of a nuclear-capable missile with no warhead. Maritime restrictions off Finistère run through October 21, 2026, for an at-sea launch. The trial will be fired from the nuclear ballistic-missile submarine Le Vigilant to check its systems after a long overhaul. The flight is expected to cover about 4,700 kilometers over the Atlantic. — Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2026 Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“. Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
КултураОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во СкопјеОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година. Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи. Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: - Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и домашен декор, - 3Д моделирање и дигитално обликување, - Изработка со современи технологии, - Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти. Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање. Начин на пријавување Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. - Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година - Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook