Пад на стапката на невработеност во ЕУ во јули 2025 - Канал 5

Пад на стапката на невработеност во ЕУ во јули 2025

Од вкупниот број невработени во ЕУ во јули годинава, 2,801 милиони лица биле на возраст под 25 години, од кои 2,227 милиони живееле во Еврозоната. 

Пад на стапката на невработеност во ЕУ во јули 2025

Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни, така и споредено со истиот месец лани, кога невработеноста изнесуваше по 6,0 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.

На ниво на Еврозоната, пак, јулската стапка на невработеност изнесувала 6,2 отсто, што претставува намалување во однос на претходниот месец кога таа изнесуваше 6,3 проценти. На годишно ниво – јули 2025-јули 2024 – стапката на невработеност во Еврозоната е намалена за 0,2 процентни поени.

Според проценките на Евростат, во јули 2025 година во ЕУ имало 13,025 милиони невработени лица, од кои 10,805 милиони живееле во земјите од Еврозоната. Во однос на претходниот месец бројот на невработени во ЕУ се намалил за 165 илјади, а во Еврозоната за 170 илјади. На годишно ниво, бројот на невработени е намален за 105 илјади во ЕУ и за 161 илјада во Еврозоната.

Од вкупниот број невработени во ЕУ во јули годинава, 2,801 милиони лица биле на возраст под 25 години, од кои 2,227 милиони живееле во Еврозоната.

Така, јулската стапка на невработеност кај младите во ЕУ изнесувала 14,4 проценти, а во Еврозоната 13,9 отсто. Во јуни 2025 стапката на невработеност кај младите изнесуваше 14,8 отсто на ниво на ЕУ и 14,3 проценти во Еврозоната.

На месечно ниво бројот на невработени млади лица во ЕУ се намалил за 81 илјада, а во Еврозоната за 64 илјади.

Кога станува збор за стапката на невработеност кај жените во ЕУ, таа во јули годинава изнесувала 6,0 отсто, што е намалување на месечно ниво за 0,1 процентен поен. На ниво на Еврозоната, стапката на невработени жени била 6,4 проценти, што е за ист процентен поен помалку во споредба со јуни 2025, кога изнесуваше 6,5 отсто.

Кај мажите стапката на невработеност во ЕУ во јули изнесувала 5,8 отсто, останувајќи непроменета во однос на претходниот месец, додека на ниво на Еврозоната таа изнесувала 6,1 проценти, што претставува месечно намалување за 0,1 процентен поен

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби

Општина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби

Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности.

„Со проектот „Образование за сите", продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.

Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари.

Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот.

Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Карпош.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

„Добар ден и од мене.

Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места. Од друга страна, кога ќе биде изградена оваа спортска сала, да можат оние коишто таа спортска сала ќе ја користат — а тоа се учениците од ова основно училиште — да можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и на тој начин да растат во, би рекол, подобри личности, бидејќи во спортот секогаш духот е најбитен, натпреварувачкиот дух од една страна, од друга страна како личности.

Јас би сакал да ја изразам својата голема благодарност до градоначалникот на Општина Карпош, до советниците од Советот на Општина Карпош коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да се заблагодарам и на администрацијата, бидејќи без администрацијата овие проекти не можат да бидат подготвени за да бидат потоа и финансирани. Да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Карпош, на Градот Скопје, на советниците од Градот Скопје, на колегите од Владата, се разбира, Министерството за образование и наука, министерката и сите останати коишто се вклучени во реализација на овој проект. Сепак, повеќе од 1.200 градилишта на целата територија на државава е бројка којашто е за почит и бројка којашто бара една озбилна организација од сите институции. Ценам дека наскоро од денеска и двата проекти ќе бидат готови, и улицата и оваа спортска сала, и ќе можеме да бидеме сите ние заедно присутни тука да ги отвориме овие два проекти — најпрвин улицата, потоа и спортската сала. Така што, уште еднаш, еве, нека е аирлија и нека ни се множат вакви проекти.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер