Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар - Канал 5

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. 

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар

Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава.

Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности.

Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број продадени куќи има во Битола односно 60 куќи.

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар каде стан од 96 метри квадратни е продаден по цена од 260 илјади евра или 166.563 денари за метар квадратен.

Во вториот квартал од годинава забележани се и 150 продажби на гаражи и тоа во поголем број општини, а најголем број деловни простории се продадени во општина Центар (28).

Во вториот квартал во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се 754 продажби од инвеститор од кои 676 се станови, 71 куќа, пет гаражи и два деловни простора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство", во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.

Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови.

Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот.

Почитувани,

По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија.

Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично.

Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот.

Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО

Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници.

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.

Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот.

Претседателот и соговорниците ја информираа претседателката за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.

Таа укажа на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми.

За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност, соопштуваат од Кабинетот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер