ЕкономијаПад на индустриското производство во јануариИндустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6.6 % во однос на јануари 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 8.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на одделите: текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема, машини и уреди, и производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Капитални производи за 5.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.5 %. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаТранспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во СкопјеИдниот понеделник македонските превозници излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора. „Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс. Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. „Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт. И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба. Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби. Во центарот на градот е Афродита Рамос. Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба? -Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК. Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично? -Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter