ЗдравјеПациентите со механичка поддршка на срце бараат ослободување од партиципацијата за лекувањеПациентите со механичка поддршка на срце повторно бараат од Министерството за здравство ослободување од партиципација за лекарските прегледи, потврди претседателот на националното здружение „Храбро срце" Васко Јолески.Тој посочи дека пред неколку месеци добиле ветување од претходниот министер за здравство Венко Филипче и тогашниот премиер Зоран Заев, дека од 1 јануари годинава, нема да плаќаат партиципација, но ветувањето сеуште не е исполнето. – Здружението на граѓани со механичка потпора на срце упати барање преку Владата, за ослободување од партиципација за лекарските прегледи на пациентите со механичка потпора. Ние сме пациенти, кои имаат пумпа, која му помага на срцето да испумпа доволно крв за да можеме да преживееме до оној момент додека се најде трајно решение, односно до трансплантација или има шанса да заздрави сопственото срце, појасни Јолески. Министерството за здравство е запознаено со иницијативата, но сеуште не се знае кога точно таа ќе влезе во програмата. – Запознаени сме со иницијативата за ослободување од партиципација на пациентите со механичка поддршка на срце и се очекува да влезе во програмата, но засега не се знае кога тоа ќе се случи, соопшти Министерството за здравство. Трошоците за лекување на пациентите со механичка потпора на срце, според претседателот на здружението „Храбро срце", се превисоки и поради тоа бараат ослободување од партиципацијата за лекување. – Трошоците се преголеми дури и за оние, кои се добро ситуирани, а во нашето Здружение ниту еден не е така добро ситуиран да може да ги поднесе тие трошоци. Не сме многу пациенти, на ниво на држава сме околу 15. Таа е бројката години наназад, согласно морталитетот и новооперираните, бидејќи се работи за една поспецифична болест, која што во нашата држава е релативно нова. Тие операции и зафати се прават неколку години. Исто така немаме ниту посебна шифра на болест вметната во нашиот здравствен систем па секое едно наше барање се поистоветува со барањето на пациентите со срцева слабост, нагласи Јолески. Националното здружение „Храбро срце” информира дека барањето за ослободување од партиципација го испратиле и до новиот ресорен министер и премиер./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПечат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)Археолозите кои го ископуваат туркменскиот локалитет Карахојук во централна Турција открија два ретки артефакти со разлика од речиси два милениума. Едниот е камен печат стар 3.500 години, на кој се врежани хиероглифи на лувискиот јазик, и доцноримска христијанска амајлија што содржи исклучително тенок златен лист за кој се верува дека содржи пасус од Библијата. Откритијата даваат впечатливи докази за долгата историја на населбата, и додека лувискиот печат укажува на организиран административен центар што постоел во доцното бронзено време, амајлијата нуди многу поличен увид во христијанските верувања, кои се користеле за заштита на дете кое живеело на истото место во текот на четвртиот или петтиот век од н.е., објавува „Турки Тудеј“. Христијанската амајлија е откриена во мал бакарен сад, а археолозите пронајдоа златен лист на неа кој бил дебел само околу 0,1 милиметар. Иако натписот сè уште не е целосно дешифриран, тимот за ископување верува дека текстот веројатно е земен од Библијата и дека амајлијата му припаѓала на мало дете, кое требало да го заштити од болест, несреќа или натприродни сили. Предметите беа откриени за време на третата сезона на ископувања на локалитетот во населбата Џумхуриет во Коња. Ископувањето започна по шест години површински истражувања и се спроведува со дозвола од турското Министерство за култура и туризам, а во него учествуваат претставници на турските универзитети и Универзитетот во Чикаго во Соединетите Американски Држави.Тагови: печат камен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКон Крушево тргна 48. Илинденски коњички маршОд црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници.Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден... Таму е Елизабета Дамјановска Спасеноска, Бети тргнаа ли коњаниците и кои се нивните пораки пред маршот кон Крушево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТуристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е Полицијата во Стон уапси 61-годишен полски државјанин под сомнение дека фотографирал голи деца на плажата Прапратно. Мажот, кој веќе е осуден за истото кривично дело, е уапсен откако капач го дојавил, пишува Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Индекс. Тој бил фатен од капачи Инцидентот се случил на 23 јули на плажата Прапратно. Се сомнева дека 61-годишниот Полјак фотографирал голи деца додека си играле на плажа и во морето. Неговото однесување било забележано од граѓаните, кои го задржале додека не пристигнала полицијата. Повратник во притвор По апсењето, полицијата го претресла шаторот во кампот каде што престојувал Полјакот и автомобилот што го користел. Пронајдени се мобилен уред и три USB мемориски стикови, кои се конфискувани и ќе бидат претресени според судска наредба. Истражувањето потврди дека мажот е повратник, кој отслужил затворска казна во 2007 година за истото кривично дело сторено на Раб. Во сабота, на 25 јули, осомничениот беше изведен пред истражен судија, кој му изрече мерка притвор. Апел до родителите Полицијата истакнува дека ваквите случаи ја покажуваат важноста на соработката со граѓаните, чии пријави овозможуваат навремена реакција. Тие исто така апелираа до родителите да ги следат своите деца на плажа, да ги облечат во костими за капење и, доколку видат сомнително лице кое снима деца, веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: деца Полјак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter