Пациентите сè уште ја чекаат бенефицијата од медицинскиот канабис - Канал 5

Пациентите сè уште ја чекаат бенефицијата од медицинскиот канабис

Граѓаните може да имаат бенефиција од Законот за употреба на канабисот за медицински цели од 2016 година,.

Пациентите сè уште ја чекаат бенефицијата од медицинскиот канабис

Но за тоа е неопходно проширување на листата на состојби што може да се третираат со масло од канабис, како и декриминализација на одгледувањето и уживањето канабис за лична употреба.

Ова беше разговарано на јавната расправа на тема „Економските и здравствените придобивки од легализацијата на канабисот" што се одржа минатата недела во рамките на парламентарната Комисија за економски прашања во Собранието и на која учествуваа пратеници, адвокати, професори, експерти и претставници од граѓанскиот сектор.

Неопходно е ажурирање на листата на болести што се третираат со канабис

Откако се донесени измените во законот од 2016 година и правилникот за состојби што може да се третираат се само ХИВ, мултиплекс склероза, епилепсија и канцер и таа листа досега не е ниту еднаш ревидирана. Во Германија канабисот се користи за околу 40 состојби, во САД за над 100 и се ажурира на годишно ниво. Кај нас во практика само тројца лекари специјалисти имаат право да пропишуваат марихуана за медицински цели.

Давор Ангеловски, кој работи во едукација на медицински лица, најчесто доктори и фармацевти, за употреба на канабис и канабис-екстракти, вели дека сè уште има стигма за ова прашање и докторите сè уште го сметаат канабисот за дрога.

– Канабисот има околу 400 лековити состојки, околу 113 – 117 канабиноиди, а од нив само еден е психоактивен. Тоа е ТХЦ. Да, се работи за психоактивен канабиноид, но не значи дека треба да се плашиме. Во светот досега не е регистриран ниту еден смртен случај од канабис, рече Ангеловски.

Во однос на Законот за употреба на канабис за медицински цели, смета дека е лимитирачки и доста тесен.

– Многу малку се докторите кои може да го пропишуваат. Невролози, инфектолози и онколози и она што забележувам и сметам дека е контрадикторно е дека не може да го пропишуваат вработени од приватните установи. Нешто што не можам да го сфатам, бидејќи како пациент имам право на избор каде ќе се лекувам. Во однос на болестите, не се само тие четири болести што моментално ги имаме и три вида специјалисти што може да ги пропишуваат, така што постои можност да ги прошириме болестите и да ги прошириме и докторите кои може тоа да го пропишуваат, истакнува Ангеловски.

Потребна е декриминализација на личната употреба на канабисот. Треба да се направи еден реален модел што ќе одговара на потребите.

– Сметам дека треба да се дозволи одгледување за лични употреби и тоа треба да биде направено на квадратен метар, а не на одреден број растенија. Сметам дека полицијата, како и досега, треба да продолжи со својата работа и треба да бара докази за продажба и сведоци. Сметам дека ограничување на такви смешни бројки е контрапродуктивно. Прво и основно што може да го направите за пациентите во Македонија кои ги претставувам денеска е да ја декриминализирате личната употреба и да не се плашат дали ќе завршат во затвори или ќе имаат какви било последици оние што само употребуваат канабис, рече Ангеловски.

Високата цена на медицинскиот канабис го „држи" во игра црниот пазар

Доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, раководител на Одделението за болести на зависност и дектоксикација и секретар на Здружението на клинички токсиколози на РМ, вели дека Законот за легализација на канабисот за медицинска употреба веќе по две години е тотално застарен.

– Ние се доведовме во ситуација да може само одредена група лекари специјалисти да пропишува лек што е безбеден. Цели 29 години работам на Клиниката за токсикологија и откако е донесен законот бројот е намален, не е зголемен. Да не се плашиме, не само што ние не сме виделе сериозни компликации, туку и во светот смртен случај исклучиво од марихуана нема и не може да има, рече Беќаровски.

Од друга страна, посочува Беќаровски, само минатата година 137 пациенти завршиле на Клиниката за токсикологија, како резултат на епилептични напади и предозираност од трамадол.

– Трамадолот може да го пропишува секој лекар. Трамадолот е достапен во секоја аптека, дури и без рецепт, а се случуваат страшни проблеми со мозокот. Тоа е наркоаналгетик. Значи, хемиската формула на трамадол, за разлика од хероинот, се разликува само во две радикални групи. Парацетамолот може да го купите во маркет. Годишно 1.700 луѓе во Европа завршуваат со хепатална инсуфициенција, која бара трансплатација на црн дроб. Далеку од тоа дека се работи за лекови што се безбедни и небезбедни. Секој лек има свои сакани и несакани дејства. Меѓутоа, главната работа што еден доктор може да ја направи за својот пациент е да ја смали болката, изјави Беќаровски.

Посочува дека секојдневно кај него доаѓаат десетина пациенти заболени од канцер на матка, на дојка или на јајници.

– Верувајте дека од тие десет, три – четири користат масло од канабис. Тоа што е трагично е дека речиси 90 проценти од нив го купуваат сè уште на црниот пазар. Зошто е така? Прво во недовербата во тоа што се нуди моментално на пазарот, а второ е во цената. Се работи за препарати што сè уште се екстремно скапи, рече Беќаровски.

Во однос на ЦБД-маслото се согласува дека ги смирува болките, ама за да ги смирите болките, едно пакување чини 1.200 денари.

– Со 1.200 денари ќе ги смирите болките три – четири дена. Парацетамолот е десет денари, аналгинот е 20 денари. Токму поради тоа барем производството на ЦБД, кое нема никакви несакани ефекти, зошто требаат сите тие големи огради за производство на див коноп. Помасовното производство ќе ја спушти цената и ќе го направи подостапен на пазарот, рече Беќаровски.

Нагласи дека додека учел во нашиот образовен систем, употребата на марихуана неминовно подоцна доведува до употреба на хероин, но денес во светот има студии што покажуваат дека лекувањето зависност од хероин се заснова на марихуана.

Декриминализација на канабисот и дестигматизација на уживателите

Адвокатот и основач на здружението за канабис и зелени политики „Билка", Јанаки Митровски, вели дека погрешната државна политика создава парадоксална состојба, при што доколку некој граѓанин или странец има значителни средства ќе биде бизнисмен и може да одгледува канабис без лимити, а доколку некој граѓанин има блиско лице во семејството и дијагноза што може да се третира со канабис, а нема средства да купи и засади канабис дома ќе биде жестоко гонет и му се заканува казна од три до десет години затвор.

– Сметаме дека е неопходна законска измена што ќе овозможи секој граѓанин што има здравствена состојба препознаена од државата што може да се третира со канабис да може дома да засади канабис во одреден број растенија и да биде лиценциран при Министерството за земјоделство, изјави Митровски.

Нагласува дека нема никаков проблем комерцијалните лица да остваруваат бенефиција, но каде е бенефицијата за граѓаните.

– Оваа држава овозможи златна кокошка бизнис на мала група правни лица, а граѓаните, пациентите немаат ниту бенефиција ниту се обврзани да даваат производи на нашиот пазар. Од друга страна, паралелата е дека граѓаните и оние што се нашле во немоќ се гонети, истакна Митровски.

Смета дека е неопходна целосна промена на државните политики во однос на канабисот и негова декриминализација, особено поради фактот што законодавецот нема дефинирано што подразбира под помало количество и тоа во практика се злоупотребува.

– Иницираме измени во Кривичниот законик со кои законски ќе се одреди која количина државата ја смета за лична употреба во услови кога нема други елементи на продажба. Што ќе доведе до состојба на владеење на правото, дестигматизација на уживателите на канабис и нивна декриминализација, но и ќе донесе директни и индиректни економски бенефиции за државата, која веќе нема непотребно да ги користи и онака скромните ресурси и ангажира високообразовани инспектори, вештачења на канабис, обвинители и адвокати, вели Митровски.

За економските бенефиции од легализацијата на марихуната прочитајте во вториот дел од темата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. 

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK).

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“.

Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол.

YouTube video

Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“.

Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани.

Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите.

Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание.

Орбан се огласи

Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него.

„Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем.

Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Британскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*.

Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено.

Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон.

Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане.

Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“.

Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*).

Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година.

Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер