Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
ЗдравјеПациентите од внатрешноста нема да одат до Скопје за таблети, ама за хемотерапија „нема друго чаре“Околу 2500 онколошки пациенти „куртулија“ од гужвите низ болничките ходници само за да земат летрозол и анастрозол, терапија наменета за канцер на дојка, која досега беше достапна само на Онкологија во Скопје.Околу 2500 онколошки пациенти „куртулија“ од гужвите низ болничките ходници само за да земат летрозол и анастрозол, терапија наменета за канцер на дојка, која досега беше достапна само на Онкологија во Скопје, бидејќи од денеска со рецепт од матичен и партиципација од околу 50 денари ќе можат да си ја подигнат од аптека. Но, дел од пациентите од градовите ширум Македонија што примаат хемотерапија се уште ќе мора да поминуваат долг пат до Скопје и назад, а и дополнително да трошат пари, бидејќи нема можност, терапијата да ја примаат поблизу до дома. Ана Марјановиќ, од Здружението „Хема-онко“, вели дека од витално значење е да има онколошки центри во неколку градови низ земјава. -Сметаме дека е од витално значење пациентите да можат да ја примаат хемотерапијата блиску до своите домови. Во исто време, истакнавме дека е многу значајно да имаат и пристап до експертите и докторите кои се од Клиниката за онкологија. Доколку треба да се промени терапијата тоа да биде направено во сооднос со Клиниката за онкологија во Скопје, а самата терапија која се става на пациентите според протоколи, да можат пациентите да ја примат локално, во тие клинички центри, како што се Штип, Битола, Тетово,-Ана Марјановиќ. Во битолската болница, дел од барањата на пациентите се остваруваат, па консултативни прегледи со доктори од Скопје таму веќе има, сепак, од Клиниката се уште чекаат протоколи од Министерството за да може да се испланира аплицирање на хемотерапија во иднина. Од Министерството нема одговор до кога Клиниката ќе чека за ова. А во меѓувреме, од здружението на пациентите велат дека иако не треба да се брза и дисперзијата треба да се прави внимателно, надлежните не треба ни да го одолговлекуваат процесот. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид .Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид откако при вонредна инспекција било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбата. Како што информираа од Министерството за транспорт, вонредниот инспекциски надзор бил извршен по информации добиени од јавноста. Државен инспектор излегол на терен и извршил контрола при што било утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на инспекторатот за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, инспекторатот ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од Транспорт и додаваат дека остануваат силно посветени на борбата против нелегалните градби и дека законот за градење ќе се применува подеднакво за сите, без исклучоци и без селективност, насекаде низ државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСтавен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE. Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта. Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе. Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона. Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба. Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.Тагови: БАРСЕЛОНА пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИбрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива. - Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ. Zlatan speaks on Cape Verde becoming the first debutant nation to advance to the Knockout Stage of the FIFA World Cup since 2010 🇨🇻@Ibra_official pic.twitter.com/Ay3zEdZCVq — FOX Sports (@FOXSports) June 27, 2026 Тагови: Златан Ибрахимовиќ Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter