Означен почеток на проектот „Поддршка на систем за обезбедување квалитет на социјалните услуги“ - Канал 5

Означен почеток на проектот „Поддршка на систем за обезбедување квалитет на социјалните услуги“

Министерот Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска со  воведни обраќања го означија почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Македонија“.

Означен почеток на проектот „Поддршка на систем за обезбедување квалитет на социјалните услуги“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, денеска со воведни обраќања го означија почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Македонија“.

Проектот, финансиран од Европската Унија, има за цел да поддржи изградба на функционален, транспарентен и ефективен систем за социјални услуги достапни за сите граѓани, особено за ранливите категории. Во наредните 24 месеци, проектот ќе се спроведува низ целата држава, преку активности насочени кон институционално зајакнување, развој на стандарди и индикатори, нови методологии за лиценцирање и обуки за професионалци.

Министерот Лимани во своето обраќање истакна дека министерството, како носител на политиките во областа на социјалната заштита, демографијата и младите, ја препознава потребата од цврст и одржлив систем кој не само што ќе обезбедува социјални услуги, туку и ќе гарантира нивен континуиран квалитет.

Со овој проект се прави значаен исчекор од формален кон функционален и трансформативен систем, од општи заложби кон мерливи стандарди и од услуга како обврска – кон услуга како право, како одраз на грижа, професионалност и емпатија.

„Системот за осигурување квалитет на социјалните услуги не е само административен инструмент – тој е механизам за градење доверба. Доверба меѓу државата и граѓанинот. Доверба дека секој поединец – дете, возрасен, лице со попреченост, семејство во криза – ќе добие поддршка што е навремена, стручна, достапна и достоинствена,“ истакна Лимани.

Проектот предвидува развој на стандардизирани методологии за следење и евалуација на квалитетот, инструменти за самоевалуација на давателите на услуги, јакнење на професионалните капацитети на социјалните работници, воспитувачи, координатори и сите вклучени во синџирот на поддршка и, најважно, активно вклучување на самите корисници како партнери во процесот на проценка.

„Ова е процес што ја менува културата на системот – од реактивна кон проактивна. Тоа значи дека нема да чекаме проблемите да се појават за да реагираме. Напротив, ќе градиме услуги што ќе ги предвидуваат потребите, ќе спречуваат маргинализација и ќе овозможуваат еднакви шанси за сите,“ порача Лимани.

Тој изрази благодарност до сите партнери и поддржувачи – домашни и меѓународни, и како што посочи „ сите оние кои веруваат во потенцијалот на нашето општество и вложуваат во неговата социјална трансформација.“

„Ако сакаме да изградиме општество со силни вредности, мора да се грижиме за секој поединец – доследно, одговорно, човечки. Нека овој проект биде пример како заедно можеме да правиме суштински промени,“ порача Лимани, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер