Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
БалканОзборн: Има напредок во преговорите со Грција за Мермерите од ПартенонИма напредок во преговорите со Грција за Мермерите од Партенон, но далеку сме од договор.Се стремиме да видиме дали можеме да направиме некаква регулација за во одреден момент некои од скулптурите (на Партенон) да се најдат во Атина, каде што секако беше нивната почетна локација. За возврат, Грција ќе ни позајми дел од нејзините (археолошки) богатства, рекол претседателот на Британскиот музеј Џорџ Озборн, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Озборн, говорејќи за неделниот поткаст „Political Currency“ се осврнал на грчкото барање за враќање на Мермерите од Партенон и рекол дека е постигнат голем напредок во преговорите, но истакнал дека сè уште се далеку од „како било договор“. Како што пренесе АНА-МПА, претседателот на музејот коментирал дека моментално е во Њујорк и на шега рекол „ако бевме блиску до склучување договор со Грција“, дека ќе бил во Лондон. Дополнително потсетил дека ако дури и да сака музејот да ги врати скулптурите, ќе мора да го промени законот од 1963 година со кој се забранува трајно отстранување на неговите експонати, но и објаснил дека имаат можност да позајмуваат предмети“. Паралелно, се осврнал и на различниот став на актуелната британска Влада за конкретното прашање. -Стармер рече дека прашање е во надлежност на Британскиот музеј да одлучува независно од владата. Ставот е многу различен од оној на Сунак, кој одби да се види со грчкиот премиер, рекол претседателот на Британскиот музеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“. Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации. Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит. Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа. Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално. Тагови: Сплит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЦариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини. Идентификувани се два вида При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени. IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра). Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори. Важна улога во екосистемот Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт. Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација. Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.Тагови: контејнер цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)Доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводеше листата на СНС на парламентарните избори, го зеде српското знаме од Претседателството и објави на Инстаграм со свое објаснување.„Решив да го понесам со себе знамето на Србија што го носев за време на борбата во Обединетите нации, кога успеавме да ја победиме иницијативата на најмоќните земји во светот да го прогласат нашиот народ за геноциден. Ќе го вратам знамето на нашите институции кога ќе бидам сигурен дека ќе се однесуваат кон него со почитта што ја заслужува и дека нема да го уништат, како што ги уништуваат муралите на нашите светци низ цела Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Тагови: Александар Вучиќ знаме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter