ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ - Канал 5

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

Не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да вршат инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти во сите дејности од јавниот и приватниот сектор, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Р.Македонија, спротивно на член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор ниту еднаш не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичка состојба во правно лице-угостителски објект од Кочани и покрај тоа што во периодот од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општина Кочани. Исто така, не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос и исполнетост на потребните мерки за безбедност и здравје при работа, со што овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977,00 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Општина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, функционални и побезбедни услови за спортистите, младите и сите љубители на спортот.

Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден

„Реновирањето се реализираше по речиси две децении активно користење на салата, со повеќе градежни и технички интервенции насочени кон подобрување на нејзината функционалност, безбедност и енергетска ефикасност.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Во рамки на проектот е извршена целосна санација на таркетот, со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и ново обележување на теренот за различни спортски дисциплини.

Обновени се и ѕидовите и таваните, додека трибините се бојадисани и опремени со нови седишта. Поставена е нова заштитна ограда, а извршена е и замена на гумираниот под и реновирање на соблекувалните.

Дополнително, во рамки на реконструкцијата се бетонирани стопи и поставени метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка, со што се унапредуваат условите за одржување тренинзи и натпревари во повеќе спортови.

Како дел од активностите за модернизација на спортската сала, претходно беа заменети дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки. Новото осветлување овозможува подобра видливост и значително поголема енергетска ефикасност.

Вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел создавање квалитетни услови за развој на спортот, поттикнување на здрави животни навики и обезбедување подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро

Пронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.

Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.

Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба - Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство.

Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Великанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалот

Аргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Великанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалот

Меси постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-Би-Си“.

Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното светско првенство. Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер