ЗабаваОвозможена е онлајн уплата за Лото 7 и Џокер преку веб страната на Државна лотаријаОд сега наместо да чекате во ред за уплата на ЛОТО 7 и Џокер на продажно место, уплатата ќе биде достапна од вашиот дом, од вашето омилено кафуле, од вашата канцеларија и од секаде каде што сте ONLINE. Државна Лотарија на свое големо задоволство најавува дека од денес, во тек на 55тото коло на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер, уплатите за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, веќе може да се примаат и преку веб страната www.loto.mk. Веб страната www.loto.mk од неодамна доби нов изглед и нова функционалност, а од сега ќе е активен канал за уплата за учество во игрите ЛОТО 7 и ЏОКЕР. Со ова, веб страната на Државна Лотарија, www.loto.mk, станува ново мобилно среќно место на играчите на игрите на среќа кои среќните ЛОТО7 броеви и комбинациите во Џокер играта ќе можат да ги уплаќаат и преку интернет од било каде, во било кое време. Предностите се многубројни и очекуваме дека ќе привлечат голем број нови играчи кои ги претпочитаат можностите и комодитетот што ги нуди интернетот како канал за уплата. Од сега наместо да чекате во ред за уплата на ЛОТО 7 и Џокер на продажно место, уплатата ќе биде достапна од вашиот дом, од вашето омилено кафуле, од вашата канцеларија и од секаде каде што сте ONLINE. Се што треба да направите е да се регистрирате на www.loto.mk и да креирате свој кориснички профил, а потоа на сметката на корисничкиот профил да уплатите депозит за игра од вашата платежна картичка. Уплатените средства ќе се евидентираат на сметката на корисничкиот профил од каде може да се користат за игра. Добитниците кои своите уплати ги реализирале преку веб страната – www.loto.mk ќе имаат покус пат до освоените добивки, бидејќи сите освоени суми, освен сумите за добивките од прва категорија – премиите на ЛОТО 7 и Џокер, ќе се добиваат на сметката на корисничкиот профил. Корисничкиот профил ги чува сите внесени податоци, податоците за игрите, историјатот на уплатите и исплатите, а средствата добиени од исплатените добивки може да се користат за игра и да се повлекуваат на личната трансакциска сметка согласно потребите на играчот. ONLINE уплатата на ЛОТО 7 ќе ги овозможи сите опции за игра кои ги нуди и играта со помошно ливче. Може да одиграте обична ЛОТО 7 комбинација, полн или скратен систем, но и да се претплатите за до десет кола. Во Џокер играта може да одиграте од еден до 50 џокер броеви. Новина во ONLINE играњето се можностите да ја зачувате вашата омилена комбинација и последно одиграното ливче и за следно коло да ги одиграте со еден клик. Уплатата за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е брза, лесна и безбедна, во согласност со правилата на игрите на среќа и важечките законски и подзаконски прописи во нашата земја. Уплатата на ЛОТО 7 и Џокер може да се реализира исклучиво на територија на Република Северна Македонија и важи за сите граѓани на возраст над 18 години. Државна Лотарија ја задржа популарната цена на комбинација ЛОТО 7 и Џокер број, од 20 денари по комбинација/ џокер број. Во моментов, премијата на играта на среќа ЛОТО 7 изнесува 7.000.000 (седум милиони) денари, а премијата за Џокер со шест погодоци е над 900.000 ( деветстотини илијади) денари. Со цел навремена и комплетна поддршка на играчите, во очекување на зголемен интерес за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер преку веб страната www.loto.mk, Државна Лотарија го засили тимот на контакт центарот и воведе ново, зголемено работно време. Преку контакт центарот може да се добијат сите потребни информации, од понеделник до сабота од 8:00 до 22:00 часот и недела од 8:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02 323 7777, на вибер бројот 076 313 052, или на меилот [email protected]. Воведувањето на можност за ОNLINЕ уплата на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е резултат на обемен и долготраен проект на Државна Лотарија. Отворањето на интернет канал за уплата е големо скалило во искачување на компанијата на ниво на развиените европски лотарии. Целта на оваа новина е приближување на придобивките од игрите на среќа на Државна Лотарија до сите граѓани на нашата земја на возраст над 18 години. Во игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија не можат да учествуваат лица помлади од 18 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter