По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗабаваОвој спортист го освои срцето на една од најубавите жени во светот (фото)Поранешната мис на светот, Оливија Кулпо веќе две години е во љубовна врска со една од ѕвездите на американскиот фудбал, Дени Амендол. Некогашната мисица Оливија Кулпо се појави на натпревар на американски фудбал за да го поддржи своето момче на теренот. Убавицата цело време ја следеше играта и го бодреше својот избраник, а после победата на Њу Ингланд Патриотс, клубот за кој тој игра, видно восхитена му се фрли во прегратка. „Одеме на Супербол“ напиша преубавата мисица и стави емотикон срце. BABY GOING TO THE #SUPERBOWL ❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️ #MVP A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on Jan 21, 2018 at 4:03pm PST Оливија и Дени се заедно од февруари 2016 година, а својата врска не ја криеја во медиумите. Се појавуваа заедно на разни холивудски настани, но и патуваа на разни светски дестинации. everything about this ... ❤️ A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on Aug 24, 2017 at 12:42pm PDT Дваесет и петгодишната Оливија ја освои титулата мис на светот во 2012 година, а тоа е прв пат во последните 15 години државјанка на САД да биде прогласена за најубава жена на светот. После тоа, започнува да гради кариера во светот на модата, а познато е дека се појавувала и во неколку филмски остварувања. Нејзината просечна вредноста на заработка е 500.000 долари, пишува Celebrity Net Worth. Thank you @baby2baby for having me last night and for all that you do to provide basic necessities to children and babies who would otherwise have to suffer. Last night was incredible!You can all donate to this amazing organization by going to http://baby2baby.org .. thanks @jenatkinhair for introducing me to this cause ❤️❤️❤️❤️❤️❤️😘😘😘😘 A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on Nov 12, 2017 at 3:23pm PST Оливија се смета за една од најдобро облечените дами во светот на познатите, а на својот инстаграм профил ги инспирира дамите како да се облекуваат модерно и убаво. My new home for a little bit ... I could get used to this view 🙃 #NYC A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on Sep 8, 2017 at 2:35pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter