Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца, потврди премиерот Мицкоски - Канал 5

Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца, потврди премиерот Мицкоски

Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца, потврди премиерот Мицкоски

Одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува фирмата изведувач во работа“ и оти проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази.

-Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи – потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари.

-Она кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање на електричната енергија, откако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена 15, 20, а во некои земји од соседството и 30 проценти, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства.

Инаку, за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.

ЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.

Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH).

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. 

Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти.

Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и организирано. Целта е да бидат опфатени вкупно 600 домаќинства, кои преку своето активно учество ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина.

Проектот го спроведува ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, а собраниот отпад се предава на овластени компании за понатамошна обработка и рециклирање. За негов транспорт е обезбедено и специјално електрично товарно возило, што дополнително придонесува за намалување на загадувањето.

Општина Аеродром е една од првите општини во државата која спроведува ваков системски проект за селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, поставувајќи пример за современ и одговорен пристап кон управувањето со отпадот.

Благодарност до сите жители кои се приклучуваат и покажуваат дека вистинските промени започнуваат од сопствениот дом. Заедно градиме еколошки навики, подигнуваме свест и создаваме почиста иднина за генерациите што доаѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари.

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо.

ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер, односно 1,8 милиони денари?

И СДС и Филипче молчат и не се оградуваат од криминалните афери на своите членови. Еден ден е Богац, еден ден е поранешен градоначалник на општина, друг ден е член на ИО на СДС, трет ден цели фамилии, браќа, братучеди, кланови.

Од Филипче и СДС никаква осуда. Колку пари требал да земе Богац за Филипче да го смета ова за криминал? Дали можеби 20% како што Филипче зема за модуларната?

Ова е СДС матрица на дело. Граѓаните мора да го увидат нивниот начин на владеење за никогаш повторно да не ни се случи.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер