Овој „Land Rover“ чини како „Ferrari“ - Канал 5

Овој „Land Rover“ чини како „Ferrari“

„Helderburg Defender“ со дизел мотор чини речиси 400.000 долари како „Ferrari SF90“.

Овој „Land Rover“ чини како „Ferrari“

„Helderburg“ претстави специјално модифициран класичен „Land Rover Defender“ наречен „Rocco“, а цената на овој проект достигнува дури 400.000 долари - речиси колку што чини половен „Ferrari SF90 Stradale“.

Автомобилот е направен за татко и син од Нешвил, а за неговата изработка биле потребни повеќе од 3.000 работни часови.

За разлика од повеќето скапи реставрирани проекти кои добиваат модерни „V8“ мотори, „Helderburg “го задржа оригиналниот петцилиндричен турбо-дизел мотор, но темелно го подобри и го прилагоди на современите стандарди.

„Rocco“ доби целосно ново алуминиумско тело со поагресивен дизајн, „LED“ светла, проширени браници и специјални тркала со теренски гуми.

Суспензијата е исто така ревидирана, додека е инсталиран нов издувен систем од не'рѓосувачки челик.

Кабината е целосно трансформирана. Внатрешноста е тапацирана со луксузна кожа од Шкотска, инсталирани се нови седишта, модерен инфозабавен систем и редизајнирана инструмент табла.

Основачот на „Helderburg“, Пол Потрак, вели дека нивните автомобили не се обични реставрирани класици, туку целосно редизајнирани проекти наменети за клиенти кои сакаат нешто посебно и различно од модерните спортски автомобили.

YouTube video

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а 28 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, изјави рускиот гувернер, додавајќи дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи на полуостровот е суспендирана.

Украинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)

Одделно, локалните власти во рускиот регион Краснодар соопштија дека во напад со украински беспилотни летала е убиено едно лице на патнички ферибот и е запален нафтен терминал. Фериботската врска преку Керченскиот теснец, кој го дели Крим од регионот Краснодар, е привремено суспендирана.

Дистрибуцијата на гориво е запрена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската војска погодила складиште за нафта во Керч, град во Крим, и објект за транспорт на нафта во регионот Краснодар. Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи во Крим е суспендирана.

„Денес, 21 јуни, почнувајќи од 9:00 часот наутро (6:00 часот по Гринич), продажбата на гориво на бензинските пумпи на Крим е суспендирана за готовински и безготовински плаќања, како и за ваучери наменети за физички и правни лица“, објави Аксјонов.

„Горивото ќе се дистрибуира само до јавните служби кои го обезбедуваат виталното функционирање и безбедноста на Република Крим“, прецизираше тој. Украинската војска речиси секоја недела ги напаѓа рафинериите, цевководите и складиштата за нафта во Русија, во обид да ја лиши Москва од приходи од продажба, забележа агенцијата Франс Прес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт

Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт.

Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт

Додека СДС беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче оди чекор понатаму и отворено ги релативизира бугарските барања, тврдејќи дека македонскиот идентитет не е загрозен.

Во време кога од Бугарија доаѓаат пораки со кои се оспоруваат делови од македонската историја, јазик и културен идентитет, Филипче останува нем на тие позиции и безрезервно ги поддржува отстапките што се бараат од Македонија.

Очигледно е дека за него поважно е да обезбеди политичка поддршка однадвор отколку да застане зад ставовите и чувствата на македонските граѓани.

Македонија има потреба од достоинствен европски пат, но со јасни гаранции и без нови идентитетски условувања. Власта и државните интереси не смеат да бидат предмет на политичко пазарење.

Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ја води државата, а не странски центри на моќ. Затоа е потребно единство околу заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историја.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи компромиси со националните интереси и нема враќање на политиките кои носеа поделби и отстапки на штета на Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!

Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ .

Филипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!

Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат.

„После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, порача Филипче.

Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати.

„Имено после две години од мандатот на оваа влада реализирани се само околу 10% од ветувањата. 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, истакна Филипче.

Најголемиот неуспех е токму во економијата и животниот стандард, кои беа клучни ветувања на Мицкоски пред изборите.

„Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, рече Филипче.

Тој додаде дека наместо повисоки плати и подобри услови за живот, граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, високи цени и намалени инвестиции.

„Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија. Наместо зголемување на странските инвестиции, странските инвестиции се намалени за скоро две третини“, посочи Филипче.

Филипче оцени дека по две години владеење, Владата на Мицкоски нема резултати во клучните области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неисполнетите ветувања.

„Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат“, порача претседателот на СДСМ, рече претседателот на СДСМ , Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер