Овие жени за 8 недели се подмладиле биолошки за дури 5 години, еве како - Канал 5

Овие жени за 8 недели се подмладиле биолошки за дури 5 години, еве како

Новото истражување ни носи добри вести.

Овие жени за 8 недели се подмладиле биолошки за дури 5 години, еве како

Имено, се чини дека со промена на начинот на живот преку подобра исхрана, добар сон и редовно вежбање, во комбинација со вежби за релаксација, буквално можеме да се подмладиме. Се разбира, не календарски, туку биолошки. Шест жени на возраст помеѓу 46 и 65 години учествувале во 8-неделна интервентна програма која вклучувала промени во исхраната, спиењето и физичката активност. Добиле и инструкции како да изведуваат вежби за релаксација, како и кои суплементи треба да ги земаат.

Според наодите објавени во научното списание „Аging“, по завршувањето на оваа 8-неделна интензивна програма, кај дури 5 од 6 учесници, тестовите на крвта покажале намалување на параметрите на биолошката возраст од 3 на дури 11 години, или во просек од 4,6 години. Сите учесници освен еден, пред да започне истражувањето биле биолошки помлади од нивната хронолошка возраст (број на години). Ова е важно, бидејќи ја намалува веројатноста дека до намалување на биолошката возраст дошло со подобрување на состојбата на некоја хронична болест во текот на програмата. Со други зборови, според авторите од три американски универзитети, намалувањето на биолошката старост може да се припише исклучиво на постигнатото влијание врз механизмите на стареење.

Која е разликата помеѓу биолошката и хронолошката возраст?

Едноставно кажано - нашата хронолошка возраст се одредува според календарот и бројот на родендени што сме ги поминале. Биолошката возраст е многу пофлексибилна категорија и ни кажува колку се стари нашите клетки и ткива. Од една страна, очигледно сме способни за неколку години да ја намалиме нашата биолошка старост, но од друга страна, постои опасност нештата да се забрзаат и да завршиме биолошки постари од нашата возраст поради на пр. лошо здравје или премногу стрес.

Ако ги погледнеме хроничните болести што ги погодуваат луѓето на сè помлада возраст, како што се високиот крвен притисок и дијабетесот, оние кои страдаат од нив значително го забрзуваат своето биолошко стареење. Во исто време, стареењето не прави поподложни за добивање на една од овие болести. Ова ја води целата приказна во насока на дилемата што е постаро, кокошката или јајцето - дали побрзо старееме поради болест или побрзо ќе се разболиме ако старееме?

Биолошката возраст се нарекува и „епигенетска“ возраст. Епигеномот е составен од многу хемиски компоненти кои можат да му кажат на геномот (ДНК) што да прави. Епигеномот не е во состојба да ја промени секвенцата на ДНК, но може да го промени начинот на кој клетките ги користат наредбите „напишани“ во нашата ДНК. Епигеномот е подложен на влијанијата на фактори од животната средина и начинот на живот кои можат да доведат и до штетни промени. Сепак, сè повеќе студии покажуваат дека штетните промени во епигеномот може и да се пренасочат и на тој начин да се забави биолошкото стареење.

Првиот веродостоен епигенетски часовник беше откриен пред околу 10 години од страна на истражувач од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, Стив Хорват. Тој одредил неколку различни типови на ткиво врз основа на кои е можно да се утврди биолошката возраст на секој човек. Денес во светот постојат и комерцијално достапни тестови за одредување на биолошката старост.

Како учесниците во студијата успеаја да го вратат или успорат стареењето?

Во однос на исхраната, учесниците добиле задача секој ден да ги консумираат следниве видови храна:

2 чаши темно зелен лиснат зеленчук

2 шолји зеленчук од фамилијата зелки (брокула, зелка, кељ, бок-чој, карфиол, рукола,...)

3 чаши зеленчук со светли бои

30 гр семки од тиква

30 гр семки од сончоглед

1-2 глави цвекло

1 јајце

црн дроб (околу 200 g неделно)

Покрај оваа храна, на учесниците им била дадена задача да јадат секој ден два додатока на адаптогени, за кои се смета дека имаат стимулирачки ефект врз процесот на метилација што ја регулира генската експресија:

1/2 чаша боровинки

2 чешниња лук

2 шолји зелен чај

1/2 лажичка рузмарин

1/2 лажичка куркума

Дополнителни мерки поврзани со дневната рутина:

-Да се пијат две капсули пробиотик дневно

- Да се пијат 8 чаши вода дневно

- Да вежбаат најмалку 30 минути дневно

- Да се практикуваат вежби за дишење 2 пати дневно (вежби за релаксација)

- Да спијат најмалку 7 часа

-Да не земаат храна 12 часа по последниот оброк во денот (временскиот јаз помеѓу вечерата и појадокот)

Ако овие мерки ви звучат премногу сериозно, знајте дека не сите учесници можеле секојдневно да ги завршат споменатите задачи. Според истражувачите, позитивни промени во биолошката возраст се случиле кај оние кои до 82% се држеле до препораките. Сепак, резултатите од ваквите истражувања, кои ги има сè повеќе во последниве години, докажуваат дека нашите секојдневни избори во однос на исхраната и начинот на живот имаат одлучувачко влијание врз квалитетот и должината на живот. Можеби нема да можеме да ги следиме овие ригорозни препораки, но тие се скроени за оние кои сакаат драстично да се подмладат во најкус можен рок. Она што можеме да го направиме е да го искористиме ова искуство и да го примениме она што можеме да го вклучиме во нашата секојдневна рутина.

Внимание: Негативните ефекти на стресот врз биолошкото стареење

Интересно е што седмиот учесник во студијата требало да биде маж, кој се повлекол уште на почетокот поради итен случај на болест во семејството. Пред почетокот на студијата, биолошката возраст на овој 71-годишен маж била утврдена на само 57,6 години. Иако не учествувал во истражувањето, по 8 недели бил подложен на повторно тестирање, каде било утврдено дека во овој краток, но исклучително стресен период, неговата биолошка возраст се зголемила за цели 4 години. Ова не било изненадувачко откритие за истражувачите кои коментираа дека претходните истражувања исто така откриле оти стресните настани може да доведат до драматично забрзување на процесот на стареење на телото. И не само стресот, туку и разните ментални нарушувања, како депресијата, анксиозноста или биполарното растројство, може да доведат до забрзување на биолошкиот часовник и побрзо стареење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер