Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
1Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
2Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
3Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеОвие три состојки буквално ја бришат убавината, уништувајќи ја кожата побргу отколку што кремите можат да ја заштитатГи јадеме секојдневно, а последиците се сериозни.Иако многумина веруваат дека убавата и здрава кожа се постигнува со скапи креми и серуми, дерматолозите предупредуваат дека убавината на кожата зависи од исхраната. Д-р Пуја Реди, дерматолог од Хајдерабад, специјализирана за ласерска медицина и регенерација на коса, открива дека три намирници имаат разорувачко дејство врз кожата и го забрзуваат процесот на стареење. Како што објаснува, одредени видови храна директно го разградуваат колагенот, поттикнувајќи хронични воспаленија и намалувајќи ја способноста на кожата да се регенерира. Ако редовно се консумира оваа храна, ни најквалитетната козметика не може да ја поправи штетата. Пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза кој го има во газираните пијалаци, индустриските сокови, бисквитите, сосовите и брзата храна. Според д-р Реди, овој синтетички засладувач создава напредни продукти на гликација (AGEs), суптанци кои директно го оштетуваат колагенот. Последица се затегната кожа, рана појава на брчки и губење на еластичноста, а освен тоа го оптоваруваат и црниот дроб. На второ место се повторно загреваните рафинирани масла. Со секое ново загревање, маслото ја губи хранливата вредност, додека мастите оксидираат. Оксидираните масти поттикнуваат воспалителни процеси во организмот, вклучувајќи ја и кожата, што доведува до пропаѓање на клетките и појава на сив и уморен тен. Трета голема закана е крцкавата пржена храна: помфрит, чипс и слични грицки. Колку храната е потемна и покрцкава, содржи повеќе акриламид и AGЕs супстанци кои го забрзуваат стареењето на кожата и појавата на брчки. Според дерматологот, ниедна крема или серум не може да ја надомести направената штета од лошата исхрана. Вистинската нега почнува однатре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договорПо одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството. -Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаПолицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето. Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец. Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето. Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец. Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош. Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи. View this post on Instagram A post shared by News24 Albania (@news24al) Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.Тагови: солзавец Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook