Овие три хороскопски знаци се најнаивни во зодијакот - Канал 5

Овие три хороскопски знаци се најнаивни во зодијакот

За овие 3 хороскопски знаци велат дека секој може да ги мами како сака.

Овие три хороскопски знаци се најнаивни во зодијакот

Бик

Тие се осаменици и релативно тешки кога станува збор за односи со други луѓе, па токму затоа нивната осаменост може да биде причина за тие да наседнат на одредена превара. Кога станува збор за трошење пари, Биковите се многу внимателни за сите оние нешта кои се рекламираат, но доколку налетаат на личност во која гледаат пријател или потенцијален љубовен партнер тие без размислување се расфрлаат со парите.

Заљубениот Бик не прашува колку чини нешто пред да го купи тоа. Тој без проблем ќе позајми и 1.000 евра на личност која ја смета за блиска доколку верува дека со тоа ќе ги реши нејзините проблеми. Бикот без размислување ќе ви даде пари доколку верува дека имате искрени емоции кон него и доколку љубезно ветите дека ќе му ги вратите парите. Тоа што се познавате многу малку не игра никаква улога во неговата одлука.

Кога личноста која тој ја ценел ќе избега со неговите пари и веќе никогаш нема да му се јави, тој на најтешкиот можен начин ќе сфати дека е измамен. Сепак Биковите добро учат од искуство, па токму затоа нема да ја повторат истата грешка два пати. Барем тие така мислат. За два пати да наседнат на истата финта, потребно е секоја следна лага да биде обвиена во друго пакување.

Вага

Верувале или не, знакот кој најмногу одмерува, ги проучува ситуациите и луѓето, оној на кој му е потребна цела вечност да донесе одлука е и оној знак кој најчесто паѓа на измами. Причината е малку необична, овие луѓе едноставно „касно палат“.

Без разлика од која причина вие ќе чукнете на нивната врата, тие веднаш ќе ви поверуваат во она што ќе го кажете и доколку набрзина ја завршите работата која сте ја намислиле и не им дадете простор да сфатат за што навистина станува збор, вие можете да се извлечете со сè што ќе намислите. Доколку го земете предвид нивното бавно однесување, брзо ќе заклучите дека вагата е идеална „овца за стрижење“.

Тие со тек на време ќе сфатат дека се измамени, но тогаш веќе ќе биде доцна. Нивната способност да навлезат подлабоко во тајните на другите луѓе, само дополнително ќе ги изнервира бидејќи сите овие заклучувања ќе дојдат откако веќе ќе ја направат глупоста. Тие лесно им веруваат на сите ветувања кои ги поставуваат политичарите, веруваат во сите вести кои ќе се појават онлајн и паѓаат на сите маркетинг трикови на кои ќе налетаат. Додека истражат дополнително и соберат доволно информации за да ја сфатат вистината, штетата веќе ќе биде направена.

Нивниот мозок е премногу зафатен со обработката на различни информации и прашања, што многу често немаат капацитет да размислуваат и за она што во моментот им се случува, па токму затоа знаат да направат лоша проценка и да ја донесат погрешната одлука за која подоцна ќе се каат.

Риби

Бидејќи поголемиот дел од нивниот живот го поминуваат во некаква паралелна реалност каде што владеат сосема поинакви закони, кои им се познати само ним, Рибите многу често стануваат ранливи на секојдневните измами, кои дури и некое мало дете би ги открило.

Тие се најнаивни кога станува збор за понуди за брза заработка, бидејќи токму тоа е она за кое тие цел живот фантазираат. Овие луѓе не се подготвени целиот свој живот да вложуваат време и труд во банални нешта како што е работата и материјалната сигурност, но од друга страна, парите им се многу потребни. Можеби дури и повеќе отколку на останатите бидејќи апсолутно немаат чувство за штедење.

Лотаријата, слот машините и рулетот се како измислени за нив, како и сите оние работи од дома кои можат да ги извршуваат преку интернет, мислејќи дека животните проблеми и потешкотии можат да се решат со парите заработени од неколку кликови.

Поради своето однесување, тие ги трошат своите тешко заштедени пари на жетони, кредити и поени додека некој друг задоволно ги трие своите раце. Нив им се потребни и по неколку месеци да го сфатат трикот со кој ги мамат, па токму затоа дотогаш ќе ги навлечат и сите свои пријатели на оваа бајка за богатство и лесна заработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за  Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки.

Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен.

Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен.

Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.

Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката.

По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер