Овие слушалки чинат повеќе од нов Ајфон - Канал 5

Овие слушалки чинат повеќе од нов Ајфон

Оние кои имаат подлабок џеб и бараат слушалки, не само за слушање музика туку и како моден детаљ, сега имаат решение.

Овие слушалки чинат повеќе од нов Ајфон

Премиум аудио брендот „Master & Dynamic“ се здружи со модната куќа Луј Витон а производот на таа соработка е најновата верзија на „Horizon Earphones“ слушалките.

Овие слушалки чинат 1.090 долари, што знали дека се поскапи од нов Ајфон 11.

Слушалките поседуваат технологија за елиминирање на бучава и се опремени со „Bluetooth 5.0“ технологија за поврзување.

Овие безжични слушалки функционираат на оддалеченост од 30 метри.

Батеријата, не е лоша, трае 10 часа константно користење.

Луј Витон слушалките се достапни во пет бои: црвена, бела, црна, розова и жолта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување

Петмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола ќе одговараат за несовесно лекување на 40-годишна пациентка која во јуни 2024 година починала по тешко влошување на здравствената состојба.

Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против интернистите за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението, тие се товарат дека во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година не ја утврдиле вистинската здравствена состојба на пациентката и не презеле соодветни дијагностички и терапевтски мерки.

„Во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, лекарите пропуштиле навремено да ја дијагностицираат и третираат состојбата на пациентката. Таа првично се јавила во болницата со упат од матичен лекар под сомнение за тромбофлебитис, односно воспаление на вените. Сепак, без детални анализи и целосна анамнеза, лекарите ѝ поставиле погрешна дијагноза, ревматоиден артритис, и ја пуштиле на домашно лекување“, соопштија од ОЈО Битола.

Според Обвинителството, со ваквиот пристап била пропуштена реална можност навреме да биде откриен тромботичниот процес, да започне соодветно лекување и да се спречи неговото понатамошно напредување.

Случајот датира од крајот на мај и почетокот на јуни 2024 година. Четириесетгодишната пациентка првпат побарала помош во битолската болница на 28 мај, со сомнение од матичниот лекар за воспаление на вените, но била дијагностицирана со ревматоиден артритис и пуштена дома.

Само неколку дена подоцна, на 1 јуни, повторно се вратила во болницата со силни болки во стомакот и значително влошена општа состојба. Овојпат била хоспитализирана.

Според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски резултати, во следните четири дена не биле направени дополнителни испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија. Состојбата продолжила да се влошува, а попладнето на 4 јуни пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје.

Таму итно била оперирана, при што лекарите констатирале тромбоза на горната и долната мезентерична артерија и комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Болеста веќе била во напредната фаза и состојбата била оценета како неоперабилна. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студенти

Нови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? 

На универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 53 илјади студенти

На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска.

За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години.

Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа.

Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство?

На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома.

„Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски.

Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство

„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување .

Кос за новата стратегија за проширување: Повеќе Европа пред полноправно членство

„Повеќе Европа„ за земјите кандидатки на кои им е потребно повеќе време до полноправно членство во ЕУ – вака еврокомесарката за проширување Марта Кос ја опишува постепената интеграција како дел од новата европска стратегија за проширување која треба да биде објавена следната недела, а веќе одекна како проект без преседан. Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) и бесплатен роаминг се дел од примерите како земјите кандидатки ќе се интегрираат во ЕУ додека трае пристапниот процес, објаснува еврокомесарката.

-Ќе се обидеме со таканаречениот претпристапен преглед да разговараме со земјите-членки кои се областите каде што за оние земји-кандидатки на кои ќе им треба повеќе време би можеле да понудиме повеќе Европа пред полноправното членство. // Тоа не е замена за членството. Бидејќи принципот базиран на заслуги бара време, ќе можеме, откако земјата кандидат ќе ги исполни критериумите за делумна интеграција во различни области, да го сториме ова и пред целосното членство. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување .

Според нацрт-предлогот во кој увид имаше реномираниот бриселски медиум Политико, стратегијата значи дека Европската Унија ќе го отвори својот огромен пазар вклучувајќи и непречена трговија за земјите во европската чекална, под услов тие да се усогласени со европската надворешна политика против непријателските држави и индустриските соперници. Во спротивно, пристапот ќе се суспендира - се предупредува во предлогот.

-Пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно. - Политико.

Новата стратегија за проширувањето ќе биде претставена на 6 октомври по што ќе биде проследена на пленарна сесија во Европскиот парламент, а на 16 октомври ќе се дискутира во Советот на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер