Овие предмети во кујната и бањата можат да ви ги расипат цревата, хормоните и мозокот - Канал 5

Овие предмети во кујната и бањата можат да ви ги расипат цревата, хормоните и мозокот

Експерт за здравје на цревата, образован на Харвард, предупредува дека секојдневни предмети во кујните, бањите, па дури и пералните на Австралијците тивко можат да го нарушуваат здравјето.

Овие предмети во кујната и бањата можат да ви ги расипат цревата, хормоните и мозокот

Од изгребани тави за пржење до пластични шишиња за вода, д-р Саураб Сети вели дека повеќето луѓе се „несвесно изложени“ на штетни хемикалии.

Тие можат да го оштетат цревниот систем, да предизвикаат хормонални пореметувања, па дури и да влијаат врз здравјето на мозокот – а најлошо од сè е што се скриени „пред очи“.

1. Изгребани или оштетени нелепливи тави

На врвот на листата на д-р Сети се оштетените нелепливи тави.

„Ако е изгребана или напукната – готова е“, предупредува тој. Некои садови можат да испуштаат токсични испарувања и микропластика, особено кога се загреваат на високи температури. Наместо нив, тој препорачува да се користи керамички, леано железен или иноксен прибор за готвење.

2. Вештачки засладувачи

Популарни замени за шеќер како аспартам и сукралоза можат да го нарушат балансот на бактериите во цревата, да влијаат врз сигналите за апетит и се поврзуваат со интолеранција на глукоза. Чистото монашко овошје (monk fruit), стевиа или цели плодови се поздрави алтернативи кои не го компромитираат здравјето на цревата.

3. Пластични шишиња за вода

Особено кога се изложени на топлина, пластичните шишиња можат да ослободат хемикалии кои го нарушуваат хормоналниот баланс, како што е БПА – дури и оние што се означени како „без БПА“. Д-р Сети советува користење на шишиња од нерѓосувачки челик или стакло за целосно избегнување на овие изложености.

4. Ултрапреработена амбалажирана храна

Многу пакувани грицки и готови оброци содржат масла од семки, емулгатори, гуми и конзерванси – сето тоа може да ја оштети цревната обвивка и да влијае на метаболизмот. „Ако не ги препознавате состојките – оставете го производот на полицата“, вели тој, препорачувајќи цели и минимално преработени намирници.

5. Миризливи свеќи и освежувачи на воздух

Мирисот во вашиот дом може да направи повеќе штета отколку корист. Д-р Сети предупредува дека многу свеќи и спрејови содржат фталати и испарливи органски соединенија (VOC), кои се поврзуваат со хормонални нарушувања и воспаленија. Пчелин восок, дифузери со етерични масла или само добра вентилација се побезбедни алтернативи.

6. Сувомесни производи со конзерванси

Ладните сувомесни производи често содржат натриум нитрит и нитрат – конзерванси кои се поврзуваат со воспаленија, промени во цревната микробиота и дури и зголемен ризик од рак. Д-р Сети вели дека свежо подготвеното месо е далеку подобар избор за долгорочно здравје.

7. Антибактериски сапуни со триклосан

Триклосанот не убива само штетни бактерии – туку ги уништува и добрите, со што може да ја оштети кожната бариера и индиректно здравјето на цревата. Д-р Сети препорачува користење обичен сапун и вода за секојдневна употреба.

8. Детергенти и омекнувачи со интензивен мирис

Многу производи за перење облека се полни со синтетички мириси и фталати кои остануваат на ткаенините и со тек на време можат да ја иритираат кожата и да го нарушат хормоналниот баланс. Д-р Сети предлага да се користат детергенти без мирис или волнени топки за сушење облека со неколку капки етерично масло. „Не мора да се плашите од сè“, вели д-р Сети.

„Но намалувањето на токсичното оптоварување е еден од најлесните начини да го поддржите здравјето на вашите црева, мозок и хормони.“

Дејли Мејл

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска.

Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории.

По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“.

Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации.

„Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср.

„Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот.

Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер