Овие нијанси на коса се хит, а за оние похрабрите се препорачува и фатално црвена боја! - Канал 5

Овие нијанси на коса се хит, а за оние похрабрите се препорачува и фатално црвена боја!

Русокосите повторно се во мода...

Овие нијанси на коса се хит, а за оние похрабрите се препорачува и фатално црвена боја!

Многу познати дами го променија својот изглед, а Ријана меѓу првите ги најави трендовите што ќе доминираат оваа сезона.

Дамите сè почесто експериментираат со бојата на коса, па гледаме дека се присутни фризури со прамени во светло црвени тонови кои, како што велат стручните лица, ќе бидат апсолутен хит оваа година. Многу познати дами ја променија бојата на косата, па ја видовме и познатата пејачка Ријана која се појави како русокоса, и за која еден познат стилист открива дека тоа ќе биде одличен избор оваа година.

„Златните зраци на сонцето“ од оваа топла боја беа видени кај Кара Делевињ и Сиена Милер, пренесува popsugar.co.uk. Исто така живите бои, стануваат апсолутен хит. Тие совршено се вклопуваат во трендовите и не бараат посебно одржување.

Софи Кejбел од „The House of Keune by Bloom“ (познат фризерски салон во Лондон) објаснува дека се претпочитаат фризури со поприродни, потопли нијанси во коренот на косата, бидејќи процесот на растење е незабележлив и овозможува подолго време да не посетувате фризерски салон. За да бидете забележани и да го одржите вашиот изглед свеж во следните сезони, еве неколку предлози за најдобра боја на коса.

„Сируп“ руса

Според стилистите за коса, „сируп“ руса е совршена боја за напролет. Природна е, а ако додадете малку посветли тонови, тоа на косата ќе ѝ даде сосема нова димензија. Обидете се да најдете шампон што ќе го минимизира измивањето на бојата и ќе ја одржи вашата фризура сјајна и свежа.

Црена цреша

Опсесијата со црвената боја не стивнува, па често ја гледаме кај многу инфлуенсерки. Оваа неверојатна и елегантна нијанса на црвено прави рамнотежа помеѓу смелоста и софистицираноста. Иако е одлична идеја за пролетен изглед, мора да внимавате бидејќи тешко се постигнува, особено ако тргнувате од потемна основа.

За бојата да изгледа свежо и живописно, оваа фризура бара редовно тонирање.

„Мока“ и „лате“ руса

Кејбел објаснува дека овие две нијанси исто така ќе бидат голем хит во 2024 година и дека се идеални за потопли кафени тонови на коса или кога преминувате во русокоса. Таа наведува дека овие нијанси се популарен избор и дека честопати ги користат светлите бринети и русокоси за да добијат софистициран и поразновиден изглед.

Природен раст и живи бои

„Живите бои“, како што ги нарекуваат стилистите за коса, стануваат популарни во различни нијанси, вклучувајќи ја русата, кафената и бакарната. Жените често се одлучуваат за поприродни тонови на избраната боја на коса, а Кејбел објаснува дека бакарната боја е боја на сезоната. За да постигнете најдобар ефект, бидејќи техниката се изведува прилично сложено, најдобро решение е да посетите салон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари.

Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски.

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство.

На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци.

На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават.

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер