Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЗдравјеОвие намирници ја затегнуваат кожата, користете ги секојдневно и ќе доживеете чудо!Специјалистот по дерматологија на клиниката „Вера“, Мехмет Гекер, препорачува секојдневно да се внесуваат четири намирници кои на кожата ќе ѝ дадат виталност, енергија, свежина и еластичност.Домати, брокула, пиперки... Не треба да се нагласува важноста на зеленчукот, имајќи предвид дека е богат со хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во спречување на разни болести. Витаминот Ц игра клучна улога во создавање на колагенот, кој е задолжен за блескав тен. Него пред сè го има во лиснатиот зеленчук, доматите, брокулата и пиперките. Авокадо Ова овошје, кое рака на срце е скапо, содржи мононезаситени масти и антиоксиданси кои помагаат во одржување на здравата мембрана на кожата и го спречуваат нејзиното стареење. Мрсна риба Мрсната риба, како што се лососот и туната, е богата со омега 3 масни киселини кои помагаат во зацврстување на кожата. Многу риби содржат протеини кои се одговорни за производство на колаген и еластин, што го подобрува здравјето на кожата. Маслиново масло Маслиновото масло е незаменлива состојка во многу јадења во домаќинството, особено го користат светски познатите готвачи. Тоа е едно од најздравите масла поради концентрацијата на мононезаситени масти, кои влијаат на еластичноста и цврстината на кожата. Ако можете, вклучете го во исхраната наместо класичното сончогледово масло или барем употребувајте го во одредена количина во салати или како додаток во јадењата. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаГерасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучаватаОпштина Центар е прва општина во државата која на граѓаните им овозможува директен дигитален увид во мерењата на бучавата преку општинскиот ГИС-портал.Со новата услуга, граѓаните можат да ја следат состојбата на 30 локации низ општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и на својот компјутер да проверат дали измерените вредности се во законски дозволените граници. Пристапот е едноставен: потребно е граѓаните да се регистрираат на порталот, да кликнат на „Категории“ и да ја изберат опцијата „Мониторинг на бучава“. Со избирање на секоја локација се прикажуваат просечните измерени вредности на бучавата по час, како и просечната дневна вредност за периодот од 19:00 до 07:00 часот во текот на претходниот ден. Мерењата се изразуваат во децибели, во скала од 0 до 145, а секое мерење е обележано со боја-индикатор. Црвената боја означува надминување на законски дозволената граница на бучава. Проектот се реализираше во две фази, прво беа поставени 30 уреди на локациите каде граѓаните најчесто пријавуваа проблеми, а сега, со поврзувањето со ГИС-порталот, мерењата се јавно достапни. „Ова е уште едно исполнето предизборно ветување. Како што ветив, воведовме паметен систем за мерење на бучавата. Прецизно ги мапиравме најгорливите точки, а сега секој граѓанин може сам да се увери во нивото на бучава во општината и во својата непосредна околина, како и да алармира кога ќе забележи надминување на дозволените граници. Доволно е да се најави на нашиот ГИС-портал, мерењата сега се целосно транспарентни“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Воедно, добиените податоци од мониторингот се индикативни и за општинските инспектори, кои врз основа на истите, можат да излезат на терен и да извршат проверки на конкретните локации. Општина Центар во иднина планира проширување на системот за мониторинг со нови локации, согласно барањата на жителите. Поставување на овој дигитален систем е само уште еден чекор кон целосна дигитализација на општинските услуги.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисТалон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!Холандскиот тенисер Талон Грикспор упати критики кон финалето на УС Опен, оценувајќи ги играчите како просечни, медиокритетни. Како возраста и повредите на Новак Ѓоковиќ влијаат врз тениската сцена? Па, да речеме само дека тоа веќе не е истиот спорт. Германецот Саша Зверев го победи Бен Шелтон во финалето на УС Опен во 2026 година – меч што љубителите на тенисот очигледно не сакаа да го видат, иако со години се зборуваше дека сакаат „нови лица“. Сега, кога Новак Ѓоковиќ е далеку од формата потребна за финале на Грен слем, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се повредени и не се на своето највисоко ниво, станува очигледно колку остатокот од тениската турнеја е незанимлив за гледање. Токму на ова укажа холандскиот тенисер Талон Грикспор, познат по својот остар јазик, тој упати остри критики кон своите колеги кои не одиграа особено квалитетен меч во Њујорк, иако Зверев сепак беше малку подобар и ја освои втората Грен слем титула во кариерата. „Мислам дека финалето на Ју-Ес Опен беше прилично просечно, одиграа како медиокритети“, изјави Грикспор за холандскиот весник „Телеграф“ по не толку интересното финале во Њујорк: „Шелтон беше многу непостојан и подаруваше по два или три поена во секој гем.“ „Во исто време се одржуваа и други спортски настани, а мене едноставно ми е тешко да го гледам Зверев. Особено на овој турнир, каде што го удираше топчето од подлогата по 400 пати пред секој сервис. Тоа беше навистина екстремно, но очигледно му помогна. Можеби и јас треба да го правам истото“, рече Грикспор, кој беше елиминиран од турнирот од страна на Бен Шелтон (3:1) и смета дека Американецот имал среќа што бил подобар од Алкараз: „Карлитос требаше да го победи Шелтон во четвртфиналето, но одигра ужасен тај-брејк во петтиот сет.“ „Ниту една влакно на мојата глава не верува дека Зверев ќе ја заврши годината како светски број еден“, заклучи тој. Талон Грикспор (30) досега има освоено три титули во кариерата, а најдобриот пласман му е 21-то место на АТП-листата. Моментално е 56-ти во светот и настапува за холандската репрезентација во Дејвис купот против Колумбија, па споменатите изјави беа дадени пред тие мечеви, во малку поопуштен тон со „домашни“ новинари. Инаку, тој доживеа голем подем во 2023 година и влезе во најдобрите 100, а тогаш и Ѓоковиќ пофално зборуваше за него: „Има многу силни удари во својата игра. Има одличен сервис и форхенд, а тоа му се омилените удари. Се обидува да го диктира темпото на поените од основната линија и знаев дека морам да ја ’преземам’ таа позиција за да го победам.“-изјавил тогаш Ѓоковиќ.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook