Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЗдравјеОвие 10 намирници можат да го намалат ризикот од развој на деменцијаОд зеленолисести растенија до маслиново масло – овие намирници се поврзуваат со подобро здравје на мозокот и намален ризик од Алцхајмерова болест.Деменцијата е здравствената состојба од која речиси половина од нас најмногу се плашат. Затоа е и разбирливо што постојано бараме начини како да ја избегнеме. Освен промените во животниот стил, постојат и други чекори кои можат да го намалат ризикот – вклучително и промени во исхраната. Според ново истражување, луѓе на возраст од 45 до 75 години кои ја следеле т.н. MIND диета (повеќе за тоа подолу), имале помала веројатност да развијат Алцхајмер или други форми на деменција. Истражувањето спроведено од Универзитетот на Хаваи во Маноа покажало дека колку построго се придржувале до диетата, толку повеќе се намалувал ризикот. Дури и мали подобрувања со текот на времето биле поврзани со просечно 9% намален ризик, а оние што ја подобриле својата исхрана во рок од 10 години имале 25% помал ризик од деменција. „Нашите наоди потврдуваат дека здравите обрасци на исхрана во средниот и подоцнежниот живот, како и нивното унапредување со текот на времето, може да спречат Алцхајмерова болест и сродни деменции“, вели д-р Сонг-Ји Парк, пишува Јаху. Што е MIND диета? Ако веќе сте слушнале за медитеранската диета или DASH диетата, тогаш сте на пола пат. MIND значи: „Mediterranean-DASH Intervention for Neurodegenerative Delay“. Тоа е комбинација од двете диети што се поврзуваат со подобро срцево и мозочно здравје. Наместо броење калории, се работи за долгорочно градење навики и намалување на внесот на помалку корисни намирници – како преработени грицки, газирани пијалаци и алкохол. Се фокусира на храна што го штити мозокот, го подобрува помнењето и го намалува воспалението. Според „Alzheimer’s Research UK“, овој начин на исхрана носи низа здравствени придобивки, вклучително и подобро когнитивно здравје. Клучни намирници од MIND диетата и како да ги внесувате: Темнозелени лиснати растенија Спанаќ, кељ, брокула – забавуваат когнитивна дегенерација. Цел: 6 порции неделно. Овошје и зеленчук со силни бои Моркови, домати, пиперки, папаја – богати со каротеноиди. Цел: разновидност секојдневно. Јагоди и шумски овошки Боровинки, малини – богати со антиоксиданси и флавоноиди. Цел: 2+ пати неделно. Риба Лосос, туна, сардини – богати со омега-3 и DHA масни киселини. Цел: 1+ оброк неделно. Јаткасти плодови и семиња Ореви, лен, бадеми – полни со витамин Е, магнезиум, цинк. Цел: 5 порции неделно. Цели зрна Овес, кафеав ориз, квиноа – со многу влакна и Б витамини. Цел: 3 порции дневно. Маслиново масло Главен извор на маснотии во оваа диета – богато со антиоксиданси и здрави масти. Мешунки (грав, леќа) Бели, црвени, црни гравчиња – изобилуваат со растителни влакна и фолна киселина. Цел: 4+ оброци неделно. Живинско месо (пилешко, мисиркино) Протеини без заситени масти од црвено месо. Цел: 2 порции неделно. Темно чоколадо (слатко задоволство) Не е формален дел од диетата, но богато е со флавоноиди – корисно во мали количини. Овие намирници не само што се добри за мозокот, туку придонесуваат и за целокупно подобро здравје, особено во подоцнежните години од животот.Тагови: намирници деменција здравје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook