3Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
1Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ЗдравјеОвчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболениВо текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Во текот на март 2025 година, во Република Македонија, пријавени сe вкупно 608 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 33,1 на 100.000 жители. Во текот на месец март се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 18,5 отсто во однос на претходниот месец февруари 2025 година. Во однос на март 2024, се бележи намалување за 57,5 проценти, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2015–2024, за 44,2 отсто, се појаснува во извештајот на Институтот. Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во март, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени, 19 случаи на инфективна мононуклеоза, осум случаи на скарлатина, три случаи на пневмококни инфекциии, по еден случај на голема кашлица, легионерска болест и менингококна болест. Во месец март, пријавени се 195 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите на ентероколити. Пријавени се 10 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на кампилобактериоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во март се регистрирани 58 случаи. Од нив, 54 се случаи на шуга, три случаи на бактериски менингит и еден вирусен менингоенцефалитис. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции - без ХИВ/СИДА, регистрирани се 11 заболени лица - пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаја на инфекција со хламидија и по еден случај на хепатитис Ц и гонореја. Во групата на зоонози, во месец март регистрирани се два случаја, по еден случај на бруцелоза и ехинококоза. Во текот на месец март, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА. - Во однос на вакцино - превентабилните болести, во месец март, регистрирани се осум случаи со инциденца од 0,4/100.000 жители. Регистрирани се четири случаи на вирусен хепатитис Б, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Северна Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Пријавени се три случаи на пневмококни инфекции, од нив две лица се возрасни - припаѓаат во возрасна група 50 до 65 години, а едно лице е дете на возраст од осум години. Трите случаи се со дијагноза на пневмококен менингит. Ниту едно од заболените не е вакцинирано со вакцина против пневмококна инфекција. Во групата на вакцино -превентабилни болести, пријавен е еден случај на голема кашлица, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Четири случаи на Ковид-19 биле евидентирани во државава во текот на месец март. Два случаја биле од Скопје и по еден од Охрид и Тетово. Тагови: ИЈЗ овчи сипаници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието200 наставници успешно завршија деветмесечна обука за правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието. Тие се првата генерација наставници кои ќе бидат амбасадори на вештачката интелигенција во училиштата, со задача стекнатото знаење да им го пренесат на своите колеги, но и да ги насочуваат учениците како правилно, одговорно и безбедно да ја користат новата технологија. За значењето на ваквите обуки во време кога вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, говореше и министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека е важно наставниците да бидат подготвени за новите технолошки предизвици. „Во ова време на брз технолошки развој апсолутно е неопходно, децата веќе користат вештачка интелигенција кадешто се кријат многу опасности, правилното користење на вештачката интелигенција во училиштето е столб на правилно користење на модерната технологија“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Во Македонија досега се обучени над 1.000 наставници за примена на вештачката интелигенција во образованието. Јаневска посочи дека ваквите обуки ќе продолжат, со цел што поголем број наставници да стекнат знаења и вештини за користење на новата технологија во наставата. „Со оглед дека училиштето е тоа кое треба да ги научи како корисно да ја користат АИ, да проверат факти, да се заштитат, да ја користат во правец на аналитичко размислување , да не споделуваат лични информации тукмо затоа и овие наши напори во соодветно време да ја спроведеме обуката на наставниците за тие да можат да го направат тоа што треба“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Со ваквите обуки се отвора патот кон посовремено образование, во кое вештачката интелигенција ќе биде алатка за учење и развивање на знаењата, а не замена за самостојното размислување, посочи министерката Јаневска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државатаПредметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот. Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци. При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела. По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКрик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата„Здравиот тука да дојде ќе се разболи, а не болниот од вакво чекање“...Вака со една реченица пациентите кои се борат со канцер и нивните блиски ја објаснуваат состојбата на Онкологија. Некои од пациентите што живеат во другите градови ширум Македонија трошат по 100 евра за превоз на едно доаѓање, а во болница за да примат терапија минуваат и по 8 до 9 часа. Гужвата на Онкологија е само една од маките на пациентите чиј број од година во година се зголемува, па само лани на оваа Клиника има регистрирано 5300 новодијагностирани за разлика од претходната година. Граѓаните велат дека недозволиво е за пет-скен да се чека речиси половина година, снимање за кое дел од нив на приватно плаќаат по околу 1200 евра, а истото е неоходно и клучно за да се види дали карциномот се шири или е локализиран. Уште погорлив проблем е тоа што неретко се случува, дел од пациентите да минат долг пат и неколку часа да чекаат на ред само за на шалтер да им кажат дека за џабе доаѓале бидејќи нема терапија. Дел од пациентите што ги затекнавме пред Клиниката зад камерата ни кажаа дека ова им се случило денес. Патувале до Скопје од Струга и од Куманово но за нив немало од хормоналната терапија Золадекс која се користи за одредени видови на карцином, со цел да се намали влијанието на хормоните врз растот на туморот. Директорот на Клиниката Игор Стојковски вели дека како установа немаат вина што некогаш се случува да нема терапија посочувајќи дека доцнат добавувачите, а најави дека работат на план лекови да се набавуваат за три години однапред. Надлежните велат дека децентрализацијата е започната со консултативни прегледи во Градската болница „Осми септември“ и во Битола, но најавите со години се дека онколошки центри кои ќе бидат опремени и функционални ќе има и во Тетово и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter