Овации за “Кирил и Методи who are you” во Букурешт - Канал 5

Овации за “Кирил и Методи who are you” во Букурешт

Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.

Овации за  “Кирил и Методи who are you”  во Букурешт
По самата претстава разговорите ги водеше Жорж Бану, професор на Сорбона и Претседател на Интернационалната асоцијација на театарски критичари (AICT). Г-динот Бану поздравувајќи ги присутните гости рече дека оваа престава е вистински драмски чин кој создава планетарна драма што за прв пат во историјата на светската драмаургија го третира прашањето дали е можна цивилизација на љубовта низ делото Св. Кирил и Методиј.

Тој подвлече и дека Јордан Плевнеш со оваа драма го достигнува врвот на својата естетика, која е богатство не само за Македонија, туку и за Европа и Светот. Режијата на Мартин Кочовски беше оценета како револуционерно пледоаје кое од светот на Бертолд Брехт влегува со импозантна сила во светот на Плевнеш. Играта на актерите на прилепскиот театар и гостите од Бугарија и Грција, беше оценета како вистинска фасцинација и беа изречени суперлативи за истакнатиот актер Ѓорѓи Јолевски кој е носител на главната улога. Посебен акцент на храбриот спектакл даде легендата на романскиот теар Јон Карамитру, како и врвни книжевни имиња на Романија и гости од различни земји.

Амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, го оцени овој чин како историски настан и рече дека е најубавиот подарок за националниот празник 8 спетември - Денот на македонската независност, кој покажува дека со Кирил и Методи се освојува врвот на европската култура. Интернационалната Одисеја на претставата продолжува на Фестивалот Ристо Шишков во Струмица на 12 септември, а потоа и на фестивалот ExPonto во Словенија на 20 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Без раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. 

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто.

Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот.

-Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%,

Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

За десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип.

Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б.

Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври.

Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Сериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт и излегување од законските надлежности – ова го утврди Судскиот совет по претставката против претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Поднесена е од околу 70 вработени во судот според кои Манев се мешала во надлежностите на судскиот администратор и во планот за користење на годишните одмори, дека спроведувала постојана контрола над судската служба и дека двојната евиденција на присуство, честото повикување на одговорност и начинот на комуникација создале атмосфера на притисок и заплашување. Навеле и дека Манев се служела со навредливи и омаловажувачки изрази, јавни критики пред странки, како и навреди на национална основа. Судскиот совет сепак заклучува дека иако претставката е основана, не значи дека секој поединечен навод е докажан.

-Не станува збор за изолирано незадоволство на 4-5 лица како што наведува во одговорот претседателката. Напротив, утврденото укажува на широко распространето незадоволство на нарушената работна атмосфера која е создадена. Од основаноста на претставката не произлегува дека е докажан секој поединечен навод и од вработените и од претседателката,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет .

Манев ги отфрла обвинувањата и вели дека од вработените барала само дисциплина и одговорност.

„Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и крајно ангажирани за извршување на своите работни задачи. Како судија и претседател на суд не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, навела -Снежана Манев – Претседател на Основен суд Куманово во одговорот до Советот.

Сега се очекува извештајот од работната група која го посети судот, по што ќе се разгледаат понатамошните дејствија.

-Судскиот совет донесе одлука дека таа претставка е основана и дека очигледно има некои проблеми во тој суд кои долги години се провелкуваат. Судскиот совет ќе преземе се што е во негова надлежност овие проблеми да бидат надминати. Во очекување сме на извештајот од работната група којашто го посети судот, ќе се преземат понатамошни дејствија по претставката. Дополнително увид ако има потреба и ќе не извести согласно новиот деловник дали и понатаму има потреба да се преземе или не. Во секој случај ние ќе се насочиме кон тоа работите во тој суд да се средат бидејќи таму долги години постојат проблеми. Во многу скоро време ќе излеземе со решение,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

На денешната седница беше усвоен и новиот деловник за работа кој се усогласува со новиот Закон за Судски совет. Дел од новините предвидуваат промени во начинот на гласање при избор на судии и унапредувања односно ќе се гласа за сите кандидати на листата и на крај тој што добил најмногу гласови ќе биде избран. Се предвидува и постапка за одговорност на претседателот, заменикот и самите членови на Судскиот совет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер