Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
КултураОвации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, СараевоВчеравечер, на сцената на Народно позориште, Сараево, беше изведена претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на реномираниот Синиша Евтимов. Публиката во Сараево имаше ретка привилегија да ужива во оваа интензивна и длабоко ангажирана претстава, изведена од врвна актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската театарска сцена: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. „12“ е претстава што остава силен впечаток – со длабока психолошка анализа, моќна социјална порака и актери во извонредна уметничка форма. Кулминацијата на вечерта беше долгиот и громогласен аплауз, проследен со стоечки овации – искрен израз на восхит и почит кон актерската екипа и квалитетот на македонската театарска уметност. Овој настап на Македонскиот народен театар во Сараево уште еднаш ја потврдува улогата на театарот како простор за дијалог, катарза и споделување универзални човечки вредности, надвор од границите. НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАРКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаЈаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазикВо „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух. „Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска. Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. „Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат. Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПадна снег на ПелистерПрвиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка. Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција! Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина говорот пред генералното собрание на ОН поради сопругата Меланија – погледнете ја нејзината реакција!Ги изненади сите на Генералното собрание на ОН, по што следуваше аплауз. За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп направи кратка пауза и јавно ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината хуманитарна работа, а потоа низ шега праша каде таа седи. Трамп погледна низ салата и праша: „Каде е нашата прва дама? Таа е некаде овде.“ Откако накратко ја побара со поглед, американскиот претседател ѝ се заблагодари на првата дама и рече дека таа „напорно работела“, што беше проследено со аплауз и насмевки од присутните. 🇺🇸 Trump briefly lost track of Melania 😂 “𝘞𝘩𝘦𝘳𝘦 𝘪𝘴 𝘰𝘶𝘳 𝘍𝘪𝘳𝘴𝘵 𝘓𝘢𝘥𝘺? 𝘚𝘩𝘦’𝘴 𝘢𝘳𝘰𝘶𝘯𝘥 𝘩𝘦𝘳𝘦 𝘴𝘰𝘮𝘦𝘱𝘭𝘢𝘤𝘦.” Melania: 👋 Nothing like looking for your wife in front of the entire United Nations. Writer: Lynn https://t.co/R7Tf6vWQP2 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 22, 2026 На видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како Меланија се смешка и мавта. Американскиот претседател ја пофали првата дама на САД за нејзината улога во глобалната дипломатија, истакнувајќи го нејзиниот настап претходно оваа година пред Советот за безбедност на ОН. Трамп изјави дека таа станала првата прва дама на САД што претседавала со седница на Советот за безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter