Оваа српска пејачка ретко кој би ја препознал без шминка (фото/видео) - Канал 5

Оваа српска пејачка ретко кој би ја препознал без шминка (фото/видео)

Марина Висковиќ на својот профил на Инстаграм објави фотографии од настапот во Париз, како и од утредента, додека шетала во сосема опуштено издание низ градот. Многумина признаваат дека тешко би ја препознале.

Оваа српска пејачка ретко кој би ја препознал без шминка (фото/видео)

Изгледа, бурната ноќ во еден клуб во Париз на пејачката ѝ годела, па по настапот, следниот ден, одлучила да прошета низ градот без шминка. Таа облекла фармерки и кремава ролка, а врз нив кремава бунда, исто така носела и очила за сонце. Можеме да видиме дека таа одлично се забавувала возејќи се во отворениот автобус, а нејзините придружници на Инстаграм ја забележале нејзината видна трансформација од вечерта пред настапот и нејзиното издание утредента.

Во описот на фотографијата каде во позадина се гледа Ајфеловата кула, Марина навела дека е турист. Меѓу реакциите со многу смешковци, срциња и коментари од типот „колку е прекрасна“, има и такви каде многумина се согласиле дека едвај би ја препознале без шминка. Таа само неколку дена претходно објави фотографија од хотелска соба на Копаоник за која доби околу 10.400 лајкови.

Марина на почетокот на годината искеширала околу 10.000 евра за да замине на Маурициус, а во таа прилика со себе ја повела и мајка си. Пејачката не крие дека е една од најплатените пејачки во регионот, а егзотичните патувања моментално се составен дел од нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“.

Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата.

Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“. Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растерети сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“.

-Со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон. Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода-посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали: Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина.

Беким Сали: Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.

Тој нагласи дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери.

Осврнувајќи се на значењето на Самитот, Сали истакна дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и по обединета Европа.

Во однос на европската интеграција, министерот Сали нагласи дека Македонија, како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, е подготвена да ги сподели своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина во нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

Тој посочи дека Меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.

На крајот, министерот Сали повтори дека Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пресудатa за Груевски и имотот на ВМРО е поради контролираното судство

Христијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2“ со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен.

СДСМ: Пресудатa за Груевски и имотот на ВМРО е поради контролираното судство

Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков.

Се менуваа и назначуваа судии блиски до власта.

Мицкоски им делеше задачи од собраниска говорница, преку телевизија и на телефон.

Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди пред да бидат јавно објавени.

Ова се случува се во изминатите 2 години.

Ете го резултатот денес на партизираното судство: Никола Груевски, човекот кој избега од правдата, е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО е вратен.

Дури и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследност кај обвинителството и неадаптирање на обвинителниот предлог по измените на КЗ.

Мицкоски не може да избега од одговорноста. Оваа пресуда е печат на заробеното правосудство што самиот го создаде.

Како ќе се испере Мицкоски за тоа што не направи ништо за екстрадицијата на Груевски?

И за тоа ли некој друг е виновен?

Документите за негово враќање со месеци талкаа низ институциите и никогаш не беа испратени.

Ништо од ова не беше случајност, туку свесна политичка одлука за заштита на Никола Груевски - човекот кој е симбол на криминалот и корупцијата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер