СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра
1СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра
3Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЖивотОваа снимка од Алјаска ја замрзнува крвта (видео)Една жена покажува кој ја посетува секое утро Дивите ѕверови во потрага по храна и засолниште доаѓаат во населените места. Животот на Алјаска на многумина им делува мистериозно бидејќи станува збор за далечна и изолирана земја каде времето е студено, а температурите под нулата се присутни речиси во текот на целата година. Во последниве години, Алјаска стана популарна дестинација за привремена работа, обично три до четири месеци, бидејќи платите се исклучително високи, со оглед на условите за работа. Како што објаснува една Американка на социјалните мрежи која привремено престојувала на Алјаска, во овие студени предели вообичаено е дивите животни да ви доаѓаат на прагот, односно, во потрагата по храна и засолниште, тие доаѓаат во населените места. Во видеото што го објавила на Tикток, оваа жена ги покажува животните кои секојдневно ја посетуваат. - Кога ќе ја отворите влезната врата на Алјаска - стои во описот на оваа објава. На тремот од нејзиниот дом, како што се гледа во видеото, се наоѓаат две лисици и на оградата лежерно си стои белоглав орел. Иако можеби некоја друга жена на нејзино место би врескала или би ја затворила вратата, оваа жена мирно ги поздравува своите „пријатели“ со „здраво душички“ по што тие седнуваат на тремот. Ова им го привлече вниманието на луѓето на социјалните мрежи. Првично видеото се појави на Тикток каде што повеќето корисници биле шокирани велејќи дека од оваа снимка им замрзнува крвта. - Чекај. Имаме лисица. И волк. А орелот? Само минута! -Пробај да го погалиш орелот! - Мислам дека поларната мечка е следна. - Би им купувала секој ден многу храна. - Најдобрите соседи - беа дел од коментарите на корисниците на мрежата. Многумина оваа сцена ја споредуваа со сцена од некој филм или како што рекоа, детска книга. Меѓу коментарите имаше и такви кои рекле дека ова е уникатно искуство и вистински допир со природата. Некои од корисниците на мрежата се пошегуваа дека животните договориле „состанок“, меѓутоа, повеќето ѝ порачаа на жената да внимава бидејќи ваквите ситуации се опасни и непредвидливи, без разлика колку овие животни изгледаат безопасно. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. Најавува 1.000 евра плата. Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение. Просечната плата не се зголемува со говор. Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца. СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра. ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас. Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица. Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско. Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот. Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари. Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот. Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата. Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл. Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот. За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра. Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери. На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народот. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаМВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија. Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан.Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори? Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори. Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне. Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter