Оваа опасност демне во хотелските соби (фото) - Канал 5

Оваа опасност демне во хотелските соби (фото)

Важно предупредување за сите туристи, обратете внимание на симптомите што може да укажуваат на сериозни инфекции! 

Оваа опасност демне во хотелските соби (фото)

За време на летото сите бараме начин да се разладиме, па најчесто користиме вентилатори и клима уреди, но стручните лица предупредуваат дека клима уредите можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Клиничкиот фармацевт Нира Салем за „Метро“ изјави дека ситуацијата е поинаква доколку клима уредот се одржува. Ако клима уредот не се одржува соодветно и во него се собира вода, потенцијално може да го зголеми ризикот од инфекции бидејќи во него ќе се развијат вируси и бактерии, особено ако покажува знаци на мувла и микроби. Симптомите што може да ги доживеете како резултат на ова се болки во грлото, сува уста, отежнато дишење, главоболка, замор, кивање, па дури и иритирана кожа, пренесува британски Сан.

Во потешки случаи, вдишувањето воздух исполнет со микроби може да предизвика инфекција на белите дробови, што всушност е тежок тип на пневмонија. Според Националната здравствена служба на Велика Британија, инфекцијата може да биде предизвикана со вдишување на ситни капки вода кои содржат бактерии. Обично, ова се случува со клима уредите во хотелите, болниците или канцелариите.

Според Британскиот центар за контрола и превенција на болести, поради компликации на респираторните инфекции, еден од 10 случаи завршува со смртен исход. Луѓето кои пријавиле проблеми имале симптоми како кашлица, отежнато дишење, болка во градите и симптоми слични на грип. Некои пациенти со оваа болест бараат болничка нега, вклучувајќи интравенски антибиотици, кислород и апарат за дишење.

Најдобар начин да превенирате вакви инфекции е барем еднаш годишно да ги сервисирате системите за климатизација. Исто така, секогаш треба да им дадете приоритет на докажаните одморалишта и места кои се високо рангирани според хигиената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

​Вистинска привилегија и голема чест е да се биде градоначалник на град со вековна историја, уникатни културни вредности и природни убавини кои се светско наследство. 

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Охрид е најзначајниот туристички бисер на Македонија, Охрид е нашата гордост и затоа нашата единствена цел е тој да продолжи да напредува, да обезбеди подобри услови за сите граѓани и генерациите што доаѓаат.

На мое големо задоволство денеска можам да кажам дека првата година од мојот втор мандат го одбележа континуитетот и динамиката на веќе започнатите проекти, но и низа нови сериозни капитални инвестиции кои ќе го подобрат квалитетот на живеење.

Како што ветивме, веќе е во тек изградба на современата катна гаража во централното градско подрачје, проект кој ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот и поголема функционалност на центарот на градот.

Особено значаен е и проектот за реконструкција и уредување на плоштадот „Чинар“, со кој значително се подобри изгледот и функционалноста на еден од најпрепознатливите простори во старата градска чаршија. Нов лик доби и „Холандскиот парк“ каде што беше извршено комплетно партерно и хортикултурно уредување.

Продолживме со реконструкција и уредување на градските сообраќајници. Комплетно ги реконструиравме улиците „Прилепска“ и „Аџи Мустафа“, а реализиравме поголем зафат за асфалтирање на улици во населбата „Бараки“.

Го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, со што жителите од овие две населени места добија директна и побезбедна поврзаност. Завршија и градежните активности за асфалтирање на улици во Горно и Долно Лакочереј, каде што претходно беше поставена примарна канализациона мрежа. Го реконструиравме патот кон село Завој, поставивме асфалт на патот до црквата „Св. Наум“ во село Орман и го асфалтиравме патот кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Куратица.

Завршен е проектот за реконструкција на водоводната линија на улицата „Кленоец“, заедно со изградба на атмосферска и фекална канализација. Исто така на оваа улица се поставува и нов асфалт на коловозот, со што решивме долгогодишни инфраструктурни проблеми и создадовме подобри услови за жителите од овој дел од градот.

Реализиран е значаен проект за замена на опремата во пумпната станица „Метропол“, со нови, енергетски ефикасни и автоматизирани пумпи, со што се обезбедува поголема сигурност и стабилност во водоснабдувањето.

Во делот на заштитата на животната средина, продолжуваме со реализација на проекти кои ќе имаат директно значење за зачувување на Охридското Езеро. Меѓу нив, особено би го издвоил проектот за изградба на пречистителната станица во Трпејца, со кој создаваме услови за современо управување со отпадни води и дополнителна заштита на езерото.

Почитувани,

Голем дел од нашите инвестиции се насочени и кон образованието, затоа што создавањето на подобри услови за младите значи вложување во иднината на Охрид.

Учениците од Лескоец добија современи услови за спортување и рекреација. Новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ овозможува подобри услови за наставата по физичко образование, но и нов простор за спортски настани и дружење.

Продолжуваме со големиот проект за реконструкција на гимназијата „Св. Климент Охридски“, еден од најзначајните образовни и историски објекти во градот. Во изминатите четири години тука инвестиравме над 100 милиони денари за целосна модернизација на објектот и создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар. Продолжуваме да вложуваме и во ООУ „Григор Прличев“, со цел подобрување на условите за одвивање на наставата.

Посветено работевме и на подобрување на условите во детските установи, а реализирани се реконструктивни зафати во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, со што создаваме подобри услови за најмладите.

Грижата за младите не завршува со создавање на подобри услови во училиштата и спортските објекти. Продолживме со доделување на стипендии за учениците и студентите, затоа што веруваме дека знаењето, трудот и успехот треба да бидат поддржани.

Истовремено, направивме и важен чекор кон создавање нов простор за младите. Избрано е идејното решение за новиот Младински културен центар кој ќе биде лоциран во поранешната касарна. Од овој простор сакаме да создадеме место со нова функција, простор кој ќе им припаѓа на младите, каде што ќе можат да бидат креативни, продуктивни, да создаваат, да се дружат и да ги реализираат своите идеи. Најдоброто идејно решение е важна појдовна точка за следната фаза, а тоа е изработка на основниот проект и понатамошна реализација на Младинскиот културен центар.

Почитувани,

Охрид е град на спортот и културата и затоа во овој мандат продолживме со значителна поддршка на спортските клубови, спортистите, културните институции и манифестациите.

Оваа поддршка годинава доби и историска потврда. ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп и го донесе европското злато во нашиот град. Тоа е најголем успех во историјата на клубот и успех на кој како Охриѓани сме особено горди. Овој успех е потврда дека вложувањето во спортот, поддршката на клубовите и создавањето услови за развој на спортистите носат резултати.

Во културата и туризмот продолживме во континуитет да ги развиваме манифестациите кои веќе стануваат препознатлив дел од понудата на Охрид. Успешно се реализира петтото издание на Ohrid Wine Festival, четвртото издание на Ohrid Water Festival и четвртото издание на Ohrid Jazz Festival. Со овие настани создаваме нови содржини за граѓаните и туристите, го збогатуваме културниот и туристичкиот живот и придонесуваме за промоција на Охрид.

Паралелно со вложувањата во културата и спортот, продолжуваме одговорно да се грижиме за она што е највредно, нашето природно и културно наследство. Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод. Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион доби дополнителен рок до 2031 година за реализација на препораките. Оваа одлука претставува значајна можност, но и дополнителна одговорност за сите нас. Тоа значи дека во наредниот период ќе продолжиме уште поинтензивно со спроведувањето на мерките за заштита на природното и културното наследство.

Драги сограѓани,

Првата година од овој мандат е уште една година во која покажавме дека со работа, посветеност и одговорен однос можат да се реализираат конкретни проекти кои го менуваат Охрид. Пред нас е многу работа, нови проекти и нови предизвици.

Им благодарам на граѓаните за довербата и поддршката и на сите кои се дел од реализацијата на овие проекти им благодарам за вложениот труд, посветеност и соработка.

Продолжуваме посветено, со нашата јасна визија, Охрид да биде современ, функционален и развиен град, со своето заслужено место на светската туристичка мапа.

YouTube video

Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Македонскиот идентитет е зачуван - Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет и македонски јазик се заштитени и сочувани.

Борозан: Македонскиот идентитет е зачуван - Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата

В лице на Мицкоски и пред целата јавноста кажа: „Ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик, веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата„.

А Мицкоски вели дека не е задоволен од пораките на Фон дер Лајен.

Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата.

Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува македонскиот идентитет.

Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски.

Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ.

Му потонаа сите лаги дека нешто штити.

Нас не нарекуваше предавници. Велеше никогаш Северна, најавуваше укинување на Преспанскиот договор, враќање на името, подобра преговарачка рамка.

Дојде на власт и Преспанскиот договор стана ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа.

Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен.

Незадоволен е затоа условите остануваат, Основи, реформи, и европско обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. А потоа ќе мора да се одговара.

Тоа Мицкоски не го сака. Затоа е незадоволен.

Нема повеќе предавници. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес.

Ветуваше подобри услови а за две и пол години не успеа ништо. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова преговарачка рамка.

Прашањето е што ќе прави сега Мицкоски? Избори, за да избега од следниот чекор? Или нова лага, нови анти-ЕУ кампањи?

Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата.

Правдата мора да биде задоволена.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско.

СДС на Филипче и Заев се квислинзите.

Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер