Оваа Германка ја "променила расата", а сега тврди дека ќе роди деца со “чоколадно бела“ боја (фото) - Канал 5

Оваа Германка ја "променила расата", а сега тврди дека ќе роди деца со “чоколадно бела“ боја (фото)

На зголемување на градите потрошила скоро 70 илјади евра.

Оваа Германка ја "променила расата", а сега тврди дека ќе роди деца со “чоколадно бела“ боја (фото)

Најави дека сака да направи пластична операција на носот за да изгледа што по “африкански“ и сака во задникот да вгради импланти тешки 1.5 килограми.

Германката Мартина Биг (30) е поранешна стјуардеса која станала популарна поради пластичните операции.

Откако многупати досега ги зголеми градите и на операции даде околу 70 илјади евра, тврди дека нејзините гради се “најголеми во Европа“. Освен тоа, Мартина ја промени и бојата на кожата, бидејќи како што самата изјавува таа е всушност Африканка.

Иако се родила со бела боја на кожата, во текот на годината со помош на инјекции за потемнување добила значително потемна боја.

MZUNGU MMOJA WA UJERUMANI AJIBADILI KUWA MWAFRIKA akiongea na gazeti la #dailmail amasema alichotaka maishani kinatimia #martinabig alitamani kuwa mwanamke mweusi amechomwa sindano kaza kujibadili ikiwemo ya rangi yake kuongeza matiti na yuko mbioni kuchoma sindano kuongeza matako.. A white ex-stewardess now going by the name of #MartinaBig, 28 claims that she has completed a major step in reaching her goal of being a “wonderful” black woman. ​______________________________​ She Writes: "I have great news​ :)​​ ​I had done the next step in my transformation to a black woman :)​ ​Yesterday I was with an African hairdresser and got a hair extension with curly, African hair :)​ ​To become more and more a black woman, that is such a wonderful feeling :) I'm so happy :)​ ​Next, I’ll have consultations for the butt enlargement and for the African facial features. ​​______________________________​ ​ ​Interestingly,in an interview with #DailyMail Martina she went on record to say then that despite the tanning procedure making her look black, she had no intentions whatsoever of trying to “be a black girl.” Looks like she has a change of heart since then.​ ​______________________________​ She Goes on to a vlog about how hard it was for her as a black woman to get checked into her hotel because her Passport photo did not match and shares a heat-warming comment from one of her more open-minded fans. ​______________________________

A post shared by 366 EnterTainment Media (@366entertainmentmedia) on

Неодамна поминала и седум недели во Кенија за да научи што повеќе за африканската култура.

„Моите деца ќе бидат со црна боја на кожата. Зборував со моите доктори за да видам дали моето тело е здраво и дали ќе можат да ги дојам моите деца и како ќе изгледаат тие“ – изјавила Мартина во интервју за „ИТВ“.

„Не разбирам како е тоа генетски можно“ – истакнала водителката Холи Вилоби.

„Мислите дека нема доволно да се поврзете со детето доколку се роди со бела боја на кожата? – ја прашала збунето водителката.

„Не“ – викнала Мартина и додала дека детето сигурно ќе биде со црна боја на кожата или барем со боја на “бело чоколадо“.

Гледачите останале шокирани од овие изјави, а потоа Мартина продолжила со својата исповед.

„Кожата ми е станува се потемна, а и мојата коса се менува, станува потемна и повиткана“ – изјавила Биг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер