3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
ЗдравјеОваа диета е сè попопуларна, а еве какви се нејзините ефекти врз нашето здравјеЕве што се случува со нашето тело ако не јадеме 24 часаОва е интермитентен пост. Наизменичното постење, особено пристапот „јади-престани-јади“, подразбира отсуство на храна 24 часа, дозволени се само нискокалорични пијалаци и напитоци без шеќер, а потоа се враќате на вашиот редовен начин на исхрана. Ваквиот пост му помага на телото да ги искористи складираните масти за енергија, но како што објавува Healthline, носи и одредени ризици. Како реагира телото во овој период? Во текот на првите осум часа од постот, телото продолжува да го вари последниот оброк и ја користи складираната гликоза како извор на енергија. По овој период, телото почнува да ги користи складираните масти за енергија. Доколку постите подолго од 24 часа тоа може да предизвика телото да ги користи складираните протеини за енергија. Придобивките од 24-часовниот пост „Постот“ од 24 часа, еднаш или двапати неделно, има неколку придобивки, вклучувајќи губење на тежината, подобрување на нивото на холестерол и шеќер во крвта, намалување на ризикот од срцеви заболувања, воспаленија, намалување на ризикот од одредени видови на рак и невролошки заболувања, поттикнување на саморегулирањето и зголемување на нивото на енергија. Можни несакани ефекти и ризици Сепак, доколку 24-часовниот пост го применувате често, тоа може да доведе до несакани ефекти како што се: зголемена глад, раздразливост, недостаток на есенцијални хранливи материи, губење на енергијата... Исто така, ваквиот пост го загрозува здравјето на одредени групи луѓе, на пример, лица со нарушувања во исхраната, со дијабетес тип 1, бремени жени или доилки, лица на возраст под 18 години и лица кои закрепнуваат од операција. Покрај тоа, може да го зголеми ризикот од срцеви аритмии, хипогликемија и да ги влоши симптомите кај луѓе со одредени медицински состојби. Улога на хидратацијата За време на 24-часовниот пост, важно е да пиете доволно вода, повеќе од вообичаено, бидејќи таа е неопходна за правилно функционирање на телото, регулација на температурата и одржување на енергијата. Дваесет и четиричасовното постење има различни здравствени продобивки, но важно е да се биде свесен за потенцијалните ризици, особено за одредени групи. Пред да го примените овој режим на постење, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter