Оваа билка спаѓа во овошје, се обиделе да ја забранат, а денес со уживање се пие - Канал 5

Оваа билка спаѓа во овошје, се обиделе да ја забранат, а денес со уживање се пие

Додека пиете кафе, сте се запрашале ли како настанал тој напиток?

Оваа билка спаѓа во овошје, се обиделе да ја забранат, а денес со уживање се пие

И дали знаевте дека неговото зрно всушност е овошје кое наликува на цреша? Од одгледувањето до постигнување на неговиот квалитет, па сè до неговата забрана, нашиот омилен напиток бележи интересен пробив на пазарот.

Имено, постојат две главни врсти на кафе, арабика и робуста, при што првата е поароматична, додека робустата има потежок и погорчлив вкус. Арабиката е најпопуларна и успева во тропските предели на надморска височина до 1.800 метри, нејзините светло зелени лисја растат едни спроти други, додека цветовите набргу формираат зелени плодови кои пожолтуваат, а подоцна добиваат и темно црвена боја.

Семето од бобинките, кои личат на цреша, се всушност зрна кафе, од кои денес го добиваме најпопуларниот напиток со кој го започнуваме денот.

Процесот на пржење на кафето е најсложена фаза од технолошкиот процес на неговата преработка, каде околу 1.000 ароматични компоненти го одредуваат неговиот вкус. Температурата и должината на пржење играат голема улога, со таканаречениот „потемен“ степен на пржење се добива горчлив и посилен вкус. На квалитетот на кафето влијаат повеќе фактори, од генетски, преку условите и начинот на одгледување до процесот на производство.

Сепак пробивот на овој напиток на пазарот не бил толку лесен. Поради верувањата на владетелите во Мека, дека кафето предизвикува „радикално размислување“, во 1511 г. било забрането, а поради уверувањето дека овој напиток е ѓаволско дело, италијанските свештеници во 16-ти век се обиделе да ги исфрлат од употреба.

Меѓутоа, папата Климент VII уживал во кафето и ја укинал забраната во 1600 г. Отоманскиот владетел Мурат IV отишол чекор понатаму, па со доаѓањето на престолот во 1623 г. вовел казна за пиење кафе, тие што го конзумирале добивале ќотек или завршувале во морето.

Ни Шведска не била рамнодушна кон оваа напивка, која во 1746 г. не само што ја прогласила за незаконска, туку забранила користење на секаков прибор за нејзино подготвување и конзумирање.

Поради сè помалата потрошувачка на пивото и сè поголемото уживање во кафето, Фридрих Велики, третиот крал на Прусија, во 1777 г. бил принуден да издаде манифест со кој се прогласува супериорност на пивото над кафето.

Во врска со доаѓањето на кафето во Европа, тоа пристигнало нелегално преку Венеција. Имено, уличните продавачи на лимонада почнале да им го нудат на своите купувачи и така го освојувало пазарот.

Некаде до крајот на 17-ти век, кафето што се пиело Европа потекнувало од Јемен, но благодарение на извонредните карактеристики на ова растение, набргу почнало да се одгледува низ целиот свет, па затоа почнале да никнуваат цели насади ширум светот ... Така, францускиот капетан Габриел де Клије во 1723 г. го засадил кафето во Мартиник, од каде тоа го трасирало својот пат кон Латинска Америка. На пример, во Бразил, првпат е засадено во 1727 година во областа Пара, во земјата каде што сè уште се наоѓаат најпознатите светски производители на кафе.

Кога станува збор за нашето подрачје, кафето го донеле Турците со нивниот поход на Европа во 16-тиот век.

Извор www.blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер