Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра - Канал 5

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Ако планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.

Ова се најдобрите половни автомобили до 10.000 евра

Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра?

Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината.

Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект.

Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни.

1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки.

2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат.

3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите.

4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот.

5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил.

Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување.

Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жени

Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.

Герасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жени

На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години.

„Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените.

Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје.

Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“ | Општина Центар .mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност

Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. 

Јанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност

Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните.

Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница.

Панели се поставени на:

[🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp

[🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp

[🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp

[🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp

[🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp

[🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp

[🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp

[🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp

[🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp

[🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp

[📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp

[⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp

Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции.

[☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава.

Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: АБА-лигата е одложена!

Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.

Официјално: АБА-лигата е одложена!

Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите!

Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите.

Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер