Ова овошје им се препорачува на жените од 50 години, прави чуда - Канал 5

Ова овошје им се препорачува на жените од 50 години, прави чуда

Cодржи малку калории и брзо заситува...

Ова овошје им се препорачува на жените од 50 години, прави чуда

Богато е со витамин Ц.

Како што старееме, важно е да ја прилагодиме нашата исхрана на нашите променети потреби. Жените во своите педесетти години треба особено да внимаваат да внесуваат здрава храна и витамини за да го одржат своето здравје и енергија. Една од намирниците која особено се препорачува е мангото, овошје кое е вистинска енергетска бомба со бројни придобивки.

Мангото е богато со витамин Ц, што го прави одличен имуностимулатор, а исто така е богат извор на бета каротен и антиоксиданси. Покрај тоа, мангото е корисно и за оние што сакаат да го намалат вишокот килограми поради неговото заситувачко дејство, ниската калориска вредност и високата содржина на лутеин, кој помага во елиминација на токсините. Исто така, ова егзотично овошје содржи калиум, калциум и магнезиум, што го прави исклучително корисно за одржување на рамнотежата на електролити во телото.

Кога сте во педесеттите години, важно е да обрнете внимание на прилагодувањето на исхраната за да обезбедите соодветно внесување на потребните хранливи материи.

Една шолја (165 грама) свежо манго содржи помалку од 100 калории и има многу мала калориска густина, што значи дека содржи многу малку калории за количината на храна што ја обезбедува. Една студија покажала дека јадењето свежо овошје, како што е мангото, на почетокот на оброкот, може да го спречи прејадувањето за време на оброкот, пренесува Healthline.

Мангото е преполно со полифеноли, растителни соединенија кои делуваат како антиоксиданти за да го заштитат телото. Мангото се добар извор на хранливи материи за зајакнување на имунитетот.

Една шолја (165 грама) манго обезбедува 10 проценти од дневните потреби за витамини. Витаминот А е неопходен за здрав имунолошки систем. Недостатокот на овој витамин е поврзан со поголем ризик од инфекции.

Мангото содржи хранливи материи кои поддржуваат здраво срце. На пример, нуди магнезиум и калиум, кои помагаат во одржувањето на здравиот крвоток. Овие хранливи материи им помагаат на крвните садови да се релаксираат, така што пoмагаат во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 30 Маврови Анови, 31 Берово, Крива Паланка, 32 Прилеп, 34 Виница, Претор, 35 Струмица, Охрид, Битола, Штип, Тетово, 37 Скопје Петровец, Гевгелија, 38 Демир Капија, Кавадарци, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во источните делови наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Жителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност.

Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода.

„Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“.

Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати откако ферибот се преврте покрај брегот на Кипар.

Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)

Фериботот, кој се движеше кон Турција од северниот град Киренија, превезуваше 259 патници и осум членови на екипажот.

Според турските власти во северен Кипар, спасувачите стигнале до 237 лица. Повеќе од 160 се спасени и извлечени на брегот или се транспортираат. Досега се пронајдени седум тела, додека судбината на 23 лица сè уште е непозната.

Идентитетите на жртвите засега не се објавени.

Властите исто така не го објавија точниот број на повредени лица. Тие рекоа дека сите повредени кои беа извлечени се префрлени или се префрлаат во болници.

Бројни спасувачи, нуркачки екипи и хеликоптер се на местото на настанот, летајќи над областа и помагајќи во евакуацијата на преживеаните.

Фериботот се превртел кратко по напуштање на пристаништето. Според преживеаните патници, кратко по напуштањето на пристаништето, забележале дека вода влегува во предниот дел на бродот, за што веднаш ги известиле властите.

Некои патници кои беа извлечени на брегот тврдат дека „екипажот не реагирал соодветно“ и дека капетанот не почнал веднаш да го свртува бродот и да се враќа во пристаништето. Откако водата веќе многу навлегла во фериботот, тој почнал да го свртува, кога бродот се превртел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер