Ова лице е најбакнувано во историјата, но до денес не се знае која била таа жена - Канал 5

Ова лице е најбакнувано во историјата, но до денес не се знае која била таа жена

Благ и мирен израз на лицето, затворени очи кои делуваат дека ќе се отворат во секој момент и блага насмевка која едвај ги помрднува усните, нешто слично како Мона Лиза – направија лицето на непознатата девојка да биде еден од најголемите идеали на убавината во 19. век. Сево ова не би било чудно ако не станува збор за лице на девојка која се удавила во Сена.

Ова лице е најбакнувано во историјата, но до денес не се знае која била таа жена
Безживотното тело на младата жена било извадено од Сена и по обичајот кој бил актуелен во тој период (седумдесеттите и осумдесеттите години од 19 век), било изложено во градската капела со надеж дека некој ќе ја идентификува. Тука девојката ја видел патолог, кој заинтригиран од невообичаениот израз на нејзиното лице, особено од насмевката, од моделар побарал да направи калап од гипс во форма на нејзиното лице.

Маската без име едноставно ја нарекол - Непознатата жена од Сена (L’Inconnue de la Seine).

Моделарот маската ја ставил и пред неговата работилница на брегот на Сена и парижаните набрзо почнале да нарачуваат реплики. Нејзиното лице почнало да краси се повеќе домови, станало инспирација за уметници, писатели и поети, а дамите се повеќе го имитирале нејзиниот изглед и израз.

Но друг случај на давење од 1955 година, на ова интригантно лице му обезбеди место во медицинската историја. Лекарот Асмунд Лердал во 1955 година му го спасил животот на својот син така што по извлекувањето на телото од водата, со „бакнеж на животот“ му ги прочистил дишните патишта.

Тој во тоа време бил и успешен норвешки производител на играчки, кој се специјализирал за правење детски кукли и автомобили од мека пластика. Неколку години подоцна кај него дошле со молба да направи помагало за вежбање на новонастанатата техника за кардиопулмонална реанимација, комбинација на компресија на градите и „бакнеж на животот“ која може да му го спаси живот на пациент чиешто срце запрело.

Набрзо тој направил тело на кукла која симулирала безживотен пациент, а сакајќи да изгледа помалку страшна, и дал женско лице, но не било кое. Асмунд се сетил на маската од ѕидот во домот на баба му и дедо ми, на која се восхитувал како дете. Станувало збор за девојката од Сена.

Куклата се викала „Спасете ја Ени“, а со оглед дека на неа милиони ја учеле КПР техниката, таа популарно е наречена и најбакнуваното лице на сите времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилот

Следниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. 

Шефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилот

Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон.

Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година.

Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP).

Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година.

„Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“.

Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи.

„Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит.

Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони.

Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина.

„Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство.

Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции.

Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“.

За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја.

САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони.

Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка.

Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. 

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.

Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации.

Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон.

За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации.

Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс  ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. 

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер....

Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста.

За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе.

Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката.

Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење.

Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката.

Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер