Ова го прави само мажот кој не ве сака - Канал 5

Ова го прави само мажот кој не ве сака

Зборовите на оваа жена - психолог, погодуваат право во центар, детално го опишува однесувањето кое открива сè!

Ова го прави само мажот кој не ве сака

Таа се занимава со човечката душа, а нејзините книги се преведени на повеќе јазици.

Ана Киријанова е една од најпознатите руски психолози која ја проучува човековата душа. Има напишано бројни книги кои се преведени на повеќе јазици ширум светот. Врз основа на своето богато искуство, таа детално опишува како се однесува сопругот кој повеќе не ја сака својата сопруга. Многу дами беа изненадени од нејзините зборови, бидејќи таа погодува право во с’ржта на проблемот.

Еве како Ана го опишува сопругот кој повеќе нема никакви емоции кон сопругата.

Не те сака ако: не те прегрнува спонтано, не разговара со тебе за ситници, не ти се јавува да види како си среде работен ден...

Не те сака ако: не можеш да сметаш на неговата помош. Кога треба да се грижиш за него како да е петгодишно дете, а не четириесет и петгодишен маж.

Не те сака: кога те исмева. Кога не те забележува тебе, твојот труд и работа. Кога ќе ти каже дека многу јадеш, или дека не може да ја јаде храната што ја приготвуваш бидејќи не е таква на каква што е навикнат.

Не те сака: кога постојано се меша во она што го правиш, неговите одлуки ги подметнува како твои, кога ти вели дека зборуваш глупости, дека не мислиш со своја глава, дека си глупава што размислуваш така...

Не те сака: кога ти вели дека си виновна, не те сака кога не одобрува ништо што правиш или кажуваш.

Не те сака: ако секое „те сакам“ треба да го измамиш од него.

-Жената која мажот не ја сака, со тек на време станува грда, потиштена, плашлива и неспретна, несредена, бидејќи тоа може да ѝ го направи само недостатокот на љубов – предупредува психологот.

Мажот кој повеќе нема емоции кон жената, едноставно престанува да ја забележува. Дури и кога навистина ќе обрне внимание на неа, најчесто има замерки за нејзиниот изглед, однесувањето, ја критикува дека има вишок килограми, постојано е лут и нервозен, и му пречи сè одеднаш...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата го слави 34. роденден

Армијата на Македонија денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. 

Армијата го слави 34. роденден

Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и граѓаните.

Од Армијата посочуваат дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО-стандарди. Периодот беше обележан со најдинамичниот циклус на опремување и трансформација досега, како и со континуирана поддршка на цивилните институции при кризни состојби и природни непогоди. Армијата во текот на 2026 година демонстрираше висока оперативна подготвеност, интероперабилност и способност за брзо реагирање.

Активен придонес во меѓународните мисии и подготвеност за поддршка на граѓаните

Во моментов повеќе од 180 армиски припадници се распоредени во Романија, Бугарија, Летонија, Косово, Босна и Херцеговина и Либан како и во рамки на мисијата NSATU на НАТО за безбедносна помош и обука за Украина. Покрај меѓународните обврски, Армијата останува подготвена и за поддршка на цивилните институции во справувањето со природни непогоди и кризни состојби. Во текот на летниот период се одржува високо ниво на готовност за евентуално ангажирање во борбата против пожарите, при што повеќе од 300 армиски припадници се подготвени за итно дејствување на целата територија на државата, во координација со надлежните институции.

Од Армијата посочуваат дека се во најинтензивниот циклус на модернизација од нејзиното формирање. Новите оклопни возила „Страјкер“ и „JLTV“ значително ги унапредуваат мобилноста, заштитата и борбената ефикасност на единиците, додека артилерискиот систем „Боран“ обезбедува прецизно огнено дејство на големи далечини. Воедно, воведувањето на современиот противвоздушен систем „Мистрал 3“ ќе придонесе за натамошно зајакнување на националните капацитети за заштита и контрола на воздушниот простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топло и сончево, попладне локални врнежи и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Топло и сончево, попладне локални врнежи и грмежи

Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 18. август 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 18. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 18. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи.

Кариера

Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу.

Здравје и совет

Душевен немир.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра.

Кариера

Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа.

Здравје и совет

Зголемена општа сензуалност .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов.

Кариера

Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе сонувате интересни сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание.

Кариера

Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни.

Здравје и совет

Дотерајте се за да блеснете уште повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат.

Кариера

Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите.

Здравје и совет

Почитувајте го своето тело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин.

Кариера

Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара.

Здравје и совет

Одморете се од преголемите очекувања.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат.

Здравје и совет

Продолжете понатаму .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика.

Здравје и совет

Ќе ја надминете малата меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава.

Кариера

направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите.

Кариера

Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност.

Здравје и совет

Можни се интересни сништа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта.

Кариера

Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност.

Здравје и совет

Добро ќе се држите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер