ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
1ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
ЗабаваОва е девојката што ќе ја претстави Македонија на избор на мис во ТајландСандра Стефановска е нашата претставничка на изборот на најубава девојка „Miss Grand International 2013“ кој в недела за прв пат ќе се одржи во Тајланд.Сандра Стефановска (20) има искуство во настапите на слични манифестации, а има и успех. Во 2012 година ја освои титулата Мис на Македонија за Мис Глоуб. Истата година на Мис Глоуб се најде на шестото место. На изборот Мис на Медитеранот беше трета придружничка. Во Тајланд конкуренција на Сандра и се 90 убави девојки од целиот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупцијаДругарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција. Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција. По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат. Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата. Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаСДСМ: Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата“ на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава.Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта. Клучните наоди се јасни: Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници. Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот. Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат. Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност. Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци. Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда. Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста. Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата. Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара. Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт. Со организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите. Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал27 годишниот Кукуреља најавува повлекување доколку Шпанија го освои Светското првенство?Новиот бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља најави дека ќе се повлече од шпанската репрезентација доколку „црвената фурија“ ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство. Шпанскиот дефанзивец смета дека освојувањето и на европската и на светската титула би му овозможило да ги оствари сите свои цели во дресот на националниот тим, а исто така даде и необично ветување упатено до селекторот Луис де ла Фуенте, пренесува Goal.com. Кукуреља потврди дека ќе се повлече од репрезентативниот фудбал доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство. Овој одбранбен играч ги одигра сите минути на патот на Шпанија до финалето на турнирот во Северна Америка и смета дека, откако ќе го подигне трофејот, нема да му преостане ништо повеќе што би можел да постигне за својата земја. Откако веќе го освои Европското првенство во 2024 година, 27-годишниот фудбалер смета дека спојувањето на двете најголеми меѓународни титули би било совршен начин да ја заврши кариерата во дресот на „Ла Роха“. Тој стана клучен играч под водство на Де ла Фуенте и стандарден првотимец во одбраната во текот на целиот турнир. Покрај најавата за повлекување, Кукуреља вети и дека ќе направи тетоважа во чест на селекторот доколку Шпанија ја освои титулата. Во интервју за „Л'Екип“, тој објасни зошто е подготвен да ја напушти репрезентацијата во случај на победа. Истакна дека освојувањето на двата најважни трофеи би претставувало идеален крај на неговиот пат со националниот тим. „Ако го освоиме Светското првенство, веќе следниот ден ќе му се јавам на Луис и ќе му кажам дека повеќе не треба да смета на мене – дека се повлекувам од репрезентацијата“, изјави тој. „Со европската и светската титула во нашите раце, подобро од тоа – нема.“ Најавата за неговото повлекување не е единственото ветување на Кукуреља. Познат по својата личност и впечатливата фризура, дефанзивецот вети дека ќе му оддаде трајна почит на човекот што ја врати Шпанија на врвот на светскиот фудбал. Доколку „Ла Роха“ ги победи актуелните шампиони, 27-годишниот фудбалер наводно веднаш ќе се упати кон студио за тетовирање за да направи еден многу специфичен дизајн. Тој го потврди својот план во интервју за „Фокс Спортс“ (Fox Sports): „Ако го освоиме Светското првенство, ќе го истетовирам ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на мојот бицепс“. Мундијалското финале се игра вечерва од 21 часот во Њу Џерси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter