ЖивотОва е Боки- прва мечка на светот, на која ѝ била направена операција на мозокот (ВИДЕО)Засолниште за диви животни во Кент, југоисточна Англија, вели дека првата кафеава мечка на која ѝ била извршена операција на мозокот се разбудила од хибернација.Животното, по име Боки, било оперирано во октомври, непосредно пред да замине во хибернација, бидејќи боледувало од хидроцефалус (абнормална акумулација на цереброспинална течност). Целосно закрепнување Поради оваа причина, ветеринарите не биле сигурни каков ќе биде ефектот од операцијата до пролет, пренесува UPI.com. Сега се дознава дека Боки целосно закрепнал. Петчасовната операција била изведена во резерватот Вајлдвуд и ја водел светски познатиот ветеринар Ремен Писај. Тој користел најсовремени техники за отстранување на вишокот течност од мозокот на животното. „Извонредна трансформација“ „Видовме извонредна трансформација кај младата мечка. Активен е, разигран, како да заборавил дека има операција. Трча наоколу, што е фантастично да се види“, велат ренџерите на резерватот. На Фејсбук е објавено видео од кафеавата мечка по будењето од хибернација, како и за време на операцијата во октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ.За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор. Но, ова е уште една класична манипулација. Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети. Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“. Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода? Апсолутно ништо. Станува збор за две сосема различни работи. ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси. Ова е спин. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити. Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори? Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 18 возачи за безобѕирно возење- деветмина возеле пијани, седуммина без возачка18 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ – деветмина возеле под дејство на алкохол, седуммина без положен возачки испит, двајца со забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“. Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта, при што тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, додека возач од Демир Хисар, кај кого биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Седум возачи управувале возило без положен возачки испит, од Куманово, Скопје, Битола, Гостивар и Општина Чашка. Меѓу нив се и двајца малолетници, од кои едниот управувал патничко возило, а другиот мотоцикл. Во истиот период, полициски службеници сопреле и двајца возачи, од Куманово и Скопје, кои управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесното и неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, одговорното однесување и целосното почитување на изречените мерки се од особено значење за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени Едно лице е убиено, а четворица други се повредени, од кои едно потешко, во пукотница во бар за наргиле во Марсеј рано утрово, објавија денеска француските медиуми.Осумнаесетгодишен маж е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се ранети, а едно е во критична состојба, објави „Паризиен“. Весникот наведува дека две лица пристигнале во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол. На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 милиметри, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен. „Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти јавното обвинителство на Марсеј.Тагови: Марсеј скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook