3Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
ЖивотОва бебе ги освои срцата на милиони луѓеТаа е ѕвезда на мрежите, а кога ќе се насмевне се случува магија што ги топи срцата „Ова е најубавото нешто што ќе го видите денеска“, порачаа преку коментари корисниците на мрежата. Луѓето честопати велат дека сите бебиња се убави, но сепак, некои навистина освојуваат со својата необична убавина. Една од нив е бебето Дејзи чии видеа на Тикток имаат милионски прегледи. Дејзи има прекрасни сини очи, но она што ги освојува луѓето е нејзината насмевка. @thecutestbabydaisy it was seconds away from being a disaster 🤯 the nails clawing in 🥵🥵 #baby #cute #babytok #babiesoftiktok #fyp #viral ♬ Oh No - Kreepa Нејзината мајка на Тикток редовно објавува снимки од малото девојче кое ги прави најслатките гримаси што некогаш сте ги виделе. Кога ќе се насмее и ќе ја покаже својата насмевка со само неколку запчиња, Дејзи создава магија што ги топи и најтврдите срца. Таа е веќе ѕвезда на социјалните мрежи, па нејзините вирални видеа имаат по 7,8 милиони прегледи. @thecutestbabydaisy it was seconds away from being a disaster 🤯 the nails clawing in 🥵🥵 #baby #cute #babytok #babiesoftiktok #fyp #viral ♬ Oh No - Kreepa На една од последните снимки, објавена од нејзината мајка, се гледа како Дејзи му се радува на балонот. Додека седи во количката, таа нежно го допира розовиот балон со прстите, а потоа се насмевнува. - Само неколку секунди до катастрофа, бидејќи ноктињата ги туркаше во балонот - напишала нејзината мајка покрај оваа објава. @thecutestbabydaisy #cute #fyp #babysmiles ♬ かわいいしっぽ - Rabbit Music9 Следеа бројни коментари, а многу корисници на мрежата едногласно заклучиле дека Дејзи е најслаткото бебе на светот. - Таа има божествени очи, се надевам дека ќе ја задржат истата боја кога ќе порасне. - Нејзиното лице и насмевка како да велат: „Ќе го направам тоа, ќе го пукнам балонот“. - О Боже! Неодолива е. - Хаха, син ми намерно ги гризе балоните за да пукнат. - Нема ништо послатко на светот од вакво бебе. - Ми се допаѓаат нејзините очи, како на кукла. - Ова бебе е најслаткото нешто што ќе го видите денес. Секогаш кога сакам да се расположам, одам на профилот на нејзината мајка и гледам неодоливи снимки со малата Дејзи - беа само дел од коментарите на нејзината објава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во ЕвропаМакедонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа - Евростат зборува со бројки - Мицкоски со бајки.Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра. Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во туризмот“ и за „економско чудо“, Евростат вели едно: Ние сме на дното. Ниските цени не се успех. Тие се одраз на сиромаштија и слаба куповна моќ. Евростат не држи прес-конференции. Евростат објавува реалност. А реалноста е дека граѓаните живеат полошо од сите во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски - во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер СитиРепрезенативецот на Хрватска, 24 годишниот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити, со што се обврза кон клубот до летото 2031 година. Хрватскиот репрезентативец, кој се етаблираше како еден од клучните играчи на тимот по доаѓањето од РБ Лајпциг во 2023 година, на тој начин ја обезбеди својата долгорочна иднина. „Овој 24-годишен фудбалер, кој по природа е централен дефанзивец, покажа висок квалитет и играјќи на позицијата лев бек. Досега има одиграно 122 натпревари и постигнато 13 гола за клубот. Во овој период, тој освои шест трофеи со Сити: Премиер лигата, ФА Купот, Лига-купот, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд. Гвардиол е и редовен член на хрватската репрезентација, за која досега има забележано 52 настапи. Тој беше дел од составот и на Светското првенство во 2026 година“, се наведува во официјалното соопштение на Манчестер Сити. „Кога слушнав дека Сити ми нуди продолжување на договорот, веднаш знаев дека го сакам тоа. Навивачите се прекрасни кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот“, изјави Гвардиол. „Во текот на овие три години почувствував огромна љубов и почит, на што сум многу благодарен. Соиграчите ми се фантастични; имаме тим од светска класа, кој е млад и полн со потенцијал. Уверен сум дека во годините што доаѓаат ќе постигнеме уште многу успеси.“- истакна Гвардиол п-о п-родолжувањето на договорот со Сити. Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Предложен притвор за осомничен за избегнување на плаќање акцизаОсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички. Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter