Отворено писмо од Солза Грчева до Африм Гаши, лидер на Алтернатива - Канал 5

Отворено писмо од Солза Грчева до Африм Гаши, лидер на Алтернатива

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од отвораното писмо до Африм Гаши.

Отворено писмо од Солза Грчева до Африм Гаши, лидер на Алтернатива

Господине Гаши,

Право на избор е на секоја партија да го одбере својот пат. Вие, пред само две недели одбравте да се борите против оваа, по секоја основа лоша и неуспешна влада. Посебно, според Вас, против погубните политики на Вашиот соперник во албанскиот блок, ДУИ. Често пати нагласувавте и дека ќе се борите за сите граѓани, а посебно за правата на Албанците.

Кога станува збор за Албанците, да Ве потсетам дека 60 ваши и наши сограѓани загинаа во стравична смрт, токму од негрижата, но и поради матните зделки на оваа власт. Никој не одговараше. Како се чувствуваат Вашите сограѓани Албанци после двете трагедии, каде единствено овде и оваа власт за несреќите најде виновник кабел, а најново дека виновни биле самите патници кои требале лично да ги проверуваат лиценците на возачот и Автобусот? Дали ова не Ви предизвикува гадење? Така се оди кон ЕУ?

Велите дека сте одговорни како партија и морате да придонесете таа да се движи на патот кон ЕУ. Целосна бесмисленост. Зарем оваа Влада со целата корупција, поништување на институциите, подгазеното судство, Ви дава некаква надеж, освен декларативна, која е како научена песничка во која веќе никој не верува? Датум добивме 6 пати, за да завршиме со делумно “Отворен Балкан“. Се резултат на неспособната и манипулативна Влада.

Ако должината на пат кон ЕУ, ja мерите во бројот на министри, директори и административци кои ги барате како услов, тоа е крајно не европско однесување од Ваша страна. ЕУ сто пати предупреди дека нема чекор напред со партизирани, заробени институции. Не барајте и не испитувајте која партија што зборува, туку што прави. Вашето однесување како партија, која се ценка за позиции, не враќа само назад. Исто како и партиите на власт на кои им е “ нормално“ да раздаваат се што им припаѓа на сите, а не на партиите. Тоа за Вас е ЕУ? Многу се лажете, но ја лажете и јавноста.

Немојте да се криете зад општи флоскули, дека ви било до вредностите на Европа, кога самите ги газите на старт. Покажавте за жал, дека Вам ви е само до власт.

И последна порака. Ако некој не придвижи кон ЕУ (која ја употребувате само како провиден изговор), тоа секако ќе биде опозицијата. Таа не повторува песнички, туку работи.

Најмудро ќе беше да бидете трпелив и на предвремени избори да ја добиевте довербата од граѓаните. Се друго е одржување на арати. Оваа Влада која не носи во провалија, а никако кон ЕУ, ќе падне побргу отколку што очекувате.

Денес Ви е краен момент да ја прекинете самоубиствената игра со ѓаволот и да се вратите на вистинските европски патеки од кои се тргнавте. Немојте да мислите дека јавноста нема да го казни ваквото Ваше однесување. Ако не денес, веќе за неколку месеци.Затоа, краен момент е да донесете исправна одлука!

Проф.др. Солза Грчева,

претседател на пп Глас за Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. 

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер