Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска - Канал 5

Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска

По неодамнешните медиумски натписи за случајот со неколкумина работници од НУ Филхармонија на РМ кои не добија продолжување на нивните договори, во целост го пренесуваме отвореното писмо на нашата реномирана диригентка Дијана И. Илкоска:

Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска

„Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјава и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници како Џошуа Бел (добитник на Греми награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот “Шопен натпревар“), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот “Цинандали“ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти како Клаудио Вандели (шеф-диригент на „Wurth Philharmoniker”, основач на Пан-Кавказки младински оркестар и уметнички директор на светскиот фестивал „Вербие„ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на „Оскарите“, Барбара Стрејсенд, „Музички идол“, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на „ID chamber orchestra“ со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика - ОСТАНАВ НА УЛИЦА!

Се вработив во НУ Филхармонија на РСМ во јули 2022 година на место Стручен соработник за музичка архива – нототекар, работна позиција за која се согласувам дека сум преквалификувана согласно моето образование и професионално портфолио, како и моето досегашно искуство и кариера како диригент. Но, откако се поништи местото диригент во систематизацијата на Филхармонија во 2019 година, решив да прифатам вработување на работно место Нототекар во оваа институција на место на пензиониран колега (не специјално отворено работно место за мене) поради мојата желба во таа институција да напредувам и да го дадам својот максимум како работник, но и како музичар и уметник. Изминативе две години (од 2022 до 2024 година) мојот договор се засноваше на определено време и се продолжуваше со анекс кон договорот секоја календарска година. Според Законот за работни односи, член 46, став 3, договорот за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време ако работникот работи повеќе од две години на работното место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот. Со оглед на оваа одредба од законот и горенаведените услови кои ги исполнувам, поднесов писмено барање до Филхармонија мојот договор да се трансформира на неопределено време, а по истекување на рокот предвиден за одговор на моето барање откако не добив никаков одговор од институцијата, започната е судска постапка меѓу мене и институцијата која е сеуште во тек и која е некаква гаранција за мое враќање на работното место таму. Филхармонија, свесна за сето ова, не само што не побарала трансформација на мојот работен однос на неопределено време (со што тужбата би била повлечена веднаш и би се избегнале големите финансиски трошоци за институцијата во случај пресудата да биде во моја корист), туку наместо тоа побарала од Министерството за култура и туризам повторно продолжување со анекс договор на определено време. Истовремено, не го предвидува моето работно место во планот за вработувања за 2025 година.

Замислете, бара јас да продолжам да работам, но не ме планира во годишниот план за работни места. Каква е оваа небулоза? Каков е овој контрадикторен пропуст и како настанал? Филхармонија не ги прави овие договори и годишни планови „сефте“. Всушност, токму овој пропуст е причина за одбивањето на финансиска согласност од страна на ресорните Министерства.

Откако побарав образложение од Филхармонија зошто е така постапено, првично не добив одговор поради тоа што бил во тек судски спор, а во понатамошен разговор ми беше посочено дека не ги исполнувам критериумите за трансформација на мојот работен однос бидејќи работодавачот немал трајна потреба од работникот. Уште една небулоза! Се бара продолжување, но нема потреба од работното место, а го нема ни во план! Згора на се’, од завчера забранет ми беше пристапот во зградата (како некој кој не работи повеќе во таа институција) освен со специјално одобрение од службено лице задолжено за обезбедување. Внимавајте! Моето име и презиме стоеја бедно напишани на жолто ливче, небаре сум криминалец или пак човек од безбедносен ризик кон истата таа институција во која „до вчера“ ги услужував сите вработени со нотен материјал и за која се вложив максимално - физички и емотивно. Одеднаш претставувам опасност по безбедноста на институцијата и зградата! Неважно е што во таа зграда без специјални дозволи секојдневно слободно влегуваат, излегуваат, циркулираат (дури и паркираат возила) лица кои со години не се во работен однос во институцијата или никогаш не ни биле – важно е да се забрани влезот на Дијана.

Го поздравувам тоа – Филхармонија треба да биде отворена институција во која културно ќе можат да се изразат сите уметници бидејќи не е ничија лична сопственост. Затоа барам од надлежните и од Синдикатот на културата (СКРМ) да го разгледа овој случај подетално и да побара одговори од институцијата за сторената неправда – нека биде што побрзо додека овој однос не се претворил во нормална појава, па утре некој друг работник или уметник да си го прочита името на некое осамнато жолто ливче.

Во меѓувреме, продолжува мојата и егзистенцијална борба на моето семејство преку сите достапни законски механизми, а продолжува и мојата уметничка работа преку која ја афирмирам македонската култура на реномирани сцени низ светот и дома - тоа не може да ми го одземе никој. Во таа институција оставив ништо освен огромен труд и пожртвуваност, секогаш навремено извршувајќи ги задачите кои ми беа предвидени во опис на работното место и притоа за овие две и пол години никогаш ниту сум задоцнила, ниту сум побарала ослободување и ниту еднаш не сум користела боледување, но и извршувајќи многу други работи кои не ми беа во опис на работното место, но ги правев со огромна волја и љубов, како на пример: сум диригирала неколку концерти, еден од нив беше прогласен за најпродаван концерт и од него институцијата имаше заработка 11.000 евра (концертот со наслов “Севда“ по повод денот на вљубените во 2023 година) на кој се изведуваа мои аранжмани на 13 песни од балканот, сум издала носач на звук – ЦД насловено по еден од најуспешните концерти на камерниот оркестар на Филармонија “Филхармоија во срцето“, сум оставила во нејзина сопственост многу аранжмани за различни ансамбли, сценарија за детски работилници и концерти – една од тие работилници беше “Магичниот диригент“, работилница која тогаш се распродаваше до последно столче (исто 2023) и своевремено беше “Гордост на Филхармонија“, како и многу други работи кои се со непроценлива вредност затоа што се од уметничка природа. Сето ова не го сметам за мој трошок, напротив – ова ми е само каписла која мене ме води на поинакво духовно ниво, ми носи задоволство и чистота која понатаму мене ќе ми отвори и веќе ми отвора врати кон поубави нешта.

Покрај тоа што повеќе од година и половина бев планирана во програмата за јубилејната 80-годишна сезона на Филхармонија, а потоа сменета со странски диригент кој ја диригираше музичката програма која јас лично ја предложив, сакам да кажам дека тоа не ме обесхрабрува да ја продолжам својата уметничка работа успешно со странски и други домашни оркестри и ансамбли.

На крај, се поставува прашањето до кога политиката на оваа куќа лошо ќе се одразува врз интересот на публиката, квалитетот и изведбата на програмата, како и отсуството од стабилна и долготрајна стратегија за развој на културната сцена поради неколкумина луѓе кои си играат богови?“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok.

Животното ја загуби контролата

Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.

За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild.

Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот.

Покрената е кривична постапка

Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб.

Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането.

По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено.

Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка.

Властите запленија и 33 лавови

Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година.

Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар.

Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. 

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг.

Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime.

На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника.

Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи.

„Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи.

„Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа.

Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница.

Според извештаите, најмалку две деца се повредени.

На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители.

Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување.

Погледнете ја снимката од овој хаос:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка.

На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи.

Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил.

Брегзит во центарот на разговорот

Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи.

Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок.

Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти.

Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста.

Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста.

Камерон предупредува за враќање во ЕУ

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата.

Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ ​​во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот.

„Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг.

Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“.

Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили.

Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит.

„Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас.

Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“.

Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата.

Спор околу слободата на движење

Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија.

Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ.

Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ.

Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум.

Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум.

Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат.

„На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам.

Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

„Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател.

Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер