Отворено писмо до јавноста од Друштвото на филмски работници на Македонија - Канал 5

Отворено писмо до јавноста од Друштвото на филмски работници на Македонија

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм.

Отворено писмо до јавноста од Друштвото на филмски работници на Македонија

Отворено писмо до јавноста и медиумите

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина.

Македонскиот филм е доведен до колапс!

И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање.

Во моментов во јавноста успешно се креира сликата од типот “Барем се снима” само затоа што во периодов е завршена или во тек е реализација на 4 долгометражни играни филмови, а во текот на летото се очекува да започнат со снимање уште најмалку 4 филма.

Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични ислати кои не се во колерација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм.

Ваквата ситуација во пракса значи дека секое отпочнување на филм носи несигурност и страв затоа што долгот од речиси 4.000.000 евра кој Агенцијата за филм го има кон филмските продуценти, за проекти кои се одобрени на конкурс и се старувани до овој момент, се зголемува, без притоа да се има јасен план како и кога продуцентите ќе можат да ги очекуваат средствата кои и самите ги должат спрема филмските работници, авторите, актерите и останати соработници и тоа за филмовите кои се веќе снимени и за добра и услуги кои се одамна веќе реализирани.

Несигурност и страв дополнително внесува и нефункционалноста на процедурата за прегледувањето на извештаи за наменско трошење на средства во Агенцијата за филм, проблем кој трае од нејзиното основање до денес. Во Агенцијата постојат извештаи кои се предадени и пред 1 до 2 години, а кои кои до ден денес не се прегледани.

Поради немање на соодветна служба и поради неможноста за ангажирање на надворешни лица, во изминативе 4 месеци во Агенцијата за филм дополнително се таложат поднесени, а непрегледани извештаи, со што сакајќи или не сакајќи, сеедно, дополнително се пролонгира исплаќањето на нови средства спрема продуцентите за веќе реализирани фази од одобрените проекти на конкурс.

Како денес, така и години наназад пролонгирањето на исплаќање на средства за одобрени проекти на конкурс се случува и преку непотпишување на нови договори, односно пролонгирање на потпишувањето на договорите, дури и во случаи кога продуцентите до Агенцијата за филм ја имаат доставено целосната документација согласно законот и имаат обезбедено банкарски гаранции.

За јавноста да има комплетна слика, и ова писмо да не се извади од контекст со прикажување на некаква поинаква состојба, сакаме да напоменеме дека во последните 15-тина години речиси сите македонски долгометражни играни филмови се реализираат како ко-продукции помеѓу неколку земји. Ова значи дека македонските продуцентите не снимаат филмови со средства кои се 100% државни и од буџетот на земјава и на Агенцијата, туку станува збор за покомплексен систем за финансирање во кој одолговлекувањето на потпишување на договори, исплати или прегледување на извештаи го загрозува или забавува финансирањето на нашите филмови и во останатите земји, а во некои случаи доаѓа и до раскинување на овие соработки поради пробивање на рокови.

Дополнително, за да се одржи сликата “Барем се снима”, Агенцијата за филм сериозно почнува да ги загрозува меѓународните договори кои самата таа ги има склучено со останати агенции и филмски центри од регионот и пошироко, да излегува од договорени повеќе годишни соработки кои бараат минимална финасиска партиципација, да го проблематизира плаќањето на котизации за одредени програми во кои Агенцијата е вклучена со цел промовирање на македонскиот филм, автори, актери, продуценти.

Проблематизирањето на веќе донесени одлуки и менувањето на веќе постигнати договори, поради менувањето на раководството во државните институации е нешто со кое сите постојано се соочуваме во изминативе 30 години. Секако, оваа пракса не ја заобиколува ниту Агенцијата за филм, па така со секоја промена на раководство, ние филамџиите губиме драгоцени месеци во објаснување и запознавање на новите челници со функционирањето и спецификите на нашата дејност.

Секоја промена за нас значи прилагодување на нови правила и “револуционерни” идеи кои никако не одат во прилог на принципите на еднаквост и транспарентност. За жал сме биле, но и денес сме сведоци на нови толкувања на законот за филмска дејност и на негово заобиколување кога е тоа некому потребно.

Токму поради се што е наведено во ова писмо, бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и идната македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Со цел доловување на целосната слика, сакаме да информираме дека согласно податоците кои неофицијално ги имаме добиено од Агенцијата за филм, во периодот од 2020 до 2024 година, преку кратење на основното барање на средства за следната година, кое Агецнијата за филм го упатува до Министерство за култура, а преку нив и до Министерство за финансии, и преку ребаланс на буџет во текот на годината, од македонскот филм се одземени околку 8.500.000 евра, но во исто време бројот на поддржани проекти воопшто не е намален.

Како што напоменавме со ваквото континуирано и паушално кратење на буџетот за филм во изминатите 5 години, македонските филмски продуценти тонат во долгови поради ненавремените исплаќање на средства од страна на Агенцијата за филм за одобрени проекти кои се завршени, чија реализација е во тек или кои допрва треба да стартуваат. Воедно, се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Постигнувањето на ваков успех, верувајте, не е лесно. Уште помалку е лесно повеќегодишно континуирано одржување на успехот на овој нов филмски бран, кога институциите кои треба да се грижат за македонскиот филм, да го штитат, стимулираат и поттикнуваат, остануваат незаинтересирани и глуви.

Тоа што дополнително загрижува е фактот што преку ваквиот однос кон домашниот филм, се прави огромна штета и врз угледот на државата пред нашите долгогодишни поддржувачи и меѓународни партнери.

Актуелната состојба, нередовното и задоцнето исплаќање на средства, паушалното и „сурово“ кратење на буџетот за филм, ја прави Македонија несериозен и недоверлив парнер, а македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина.

Филмот е нашиот живот, нашата сегашност и иднина.

Ние резервни професии и животи немаме!

Македонскиот филм е доведен до колапс!

Со почит,

Игор Иванов, претседател на ДФРМ

Лабина Митевска, претседател на секцијата продукција при ДФРМ

Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија при ДФРМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи.

Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.

Соработка Берлин-Рим

Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.

Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.

Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер